Бизнис модел
Цели
Овој проект како главна цел има да им олесни на работниците и сопствениците на бизнисите во угостителската индустрија. Иницијално се работи за систем за ресторани, но неговата приспособливост лесно може да се користи и за останатите бизниси во угостителската индустрија. Овој систем не е наменет само за бизниси, туку тој се труди клиентите на бизнисите полесно да стигнат до резервација, попуст како и преглед на менито кое е понудено.
Цели кои се однесуваат на бизнисите:
- Креирање на настани и известување на клиентите
- Менаџмент на исполнетост, резервации и однос со клиенти
- Менаџмент со ресурси во кујна, проверка на продукти како и одржување и прегледување на нивната свежост со цел искористување
- Одредување на мени и негово физичко генерирање
- Генерирање статистички податоци
- Додавање на попусти со цел да се привлечат клиенти
Цели кои се наменети на клиентите:
- Креирање на онлајн резервација, кое има можност и храната да се нарача од напред.
- Одбирање на маса која е слободна за посакуваниот периодот
- Добивање и користење на попуст
- Преглед на зафатеноста на ресторанот
Предности
- Зголемен обем на работа: Можноста да се резервира и прегледа мени дава поголема опција за клиентите да не се изгубат на друг ресторан. Попусти кои може да се користат, кои се наменети за редовни клиенти.
- Подобрено планирање на човечки ресурси: Пристап до детали за вработените, нивна достапност и одредување според обемот на работа најавен за одредениот датум и смена.
- Подобрено планирање со ресурси во кујна: Опцијата за магацин овозмужува увид на продукти, продуктите би биле секогаш свежи, избегнување на ресурси кои се фрлаат поради истекување на рок и слично.
- Преглед на статистика и имплементирање на промени: Користење на статистика со цел подобрување на бизнисот, преглед на потрошувачи, зафатеност, денови во кои има голема посетеност со цел подобро распоредување и додавање на промени со кои менаџерот би можел да спореди што клиентите сакаат а што не.
- Брзи промени на мени и додавање на специјални менија: Промена на менија, вклучување на оброци кои се на одреден попуст. Вклучување на специјали за викенди, празници итн.
- Користење попусти: Корисниците можат да користат попуст кој го добиле поради редовност, или да вкусат добра храна која е на попуст или наведена како специјал во менито за преглед
Ризици
- Прифатливост: Потребно е адаптирање на начинот на работа со самиот ресторан и луѓето кои работат во него, бидејќи истото бара ангажираност и соработка од сите вклучени во процесот.
- Клиентско користење: Самите клиенти кои се потенцијални потрошувачи мора да се навикнат да бараат и резервираат маси преку системот, да нарачуваат и користат попусти.
- Неажурност на информации: Статус на магацин, зафатеност на маси, менаџмент со човечки ресурси кои брзо можат да доведат до дезинформација која може да предизвика штета.
Last modified
6 months ago
Last modified on 05/22/24 14:31:58
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.