| 1 | = Бизнис модел |
| 2 | |
| 3 | == Цели |
| 4 | Овој проект како главна цел има да им олесни на работниците и сопствениците на бизнисите во угостителската индустрија. Иницијално се работи за систем за ресторани, но неговата приспособливост лесно може да се користи и за останатите бизниси во угостителската индустрија. Овој систем не е наменет само за бизниси, туку тој се труди клиентите на бизнисите полесно да стигнат до резервација, попуст како и преглед на менито кое е понудено. |
| 5 | === Цели кои се однесуваат на бизнисите: |
| 6 | * Креирање на настани и известување на клиентите |
| 7 | * Менаџмент на исполнетост, резервации и однос со клиенти |
| 8 | * Менаџмент со ресурси во кујна, проверка на продукти како и одржување и прегледување на нивната свежост со цел искористување |
| 9 | * Одредување на мени и негово физичко генерирање |
| 10 | * Генерирање статистички податоци |
| 11 | * Додавање на попусти со цел да се привлечат клиенти |
| 12 | |
| 13 | === Цели кои се наменети на клиентите: |
| 14 | * Креирање на онлајн резервација, кое има можност и храната да се нарача од напред. |
| 15 | * Одбирање на маса која е слободна за посакуваниот периодот |
| 16 | * Добивање и користење на попуст |
| 17 | * Преглед на зафатеноста на ресторанот |
| 18 | |
| 19 | == Предности |
| 20 | * **Зголемен обем на работа**: Можноста да се резервира и прегледа мени дава поголема опција за клиентите да не се изгубат на друг ресторан. Попусти кои може да се користат, кои се наменети за редовни клиенти. |
| 21 | * **Подобрено планирање на човечки ресурси**: Пристап до детали за вработените, нивна достапност и одредување според обемот на работа најавен за одредениот датум и смена. |
| 22 | * **Подобрено планирање со ресурси во кујна**: Опцијата за магацин овозмужува увид на продукти, продуктите би биле секогаш свежи, избегнување на ресурси кои се фрлаат поради истекување на рок и слично. |
| 23 | * **Преглед на статистика и имплементирање на промени**: Користење на статистика со цел подобрување на бизнисот, преглед на потрошувачи, зафатеност, денови во кои има голема посетеност со цел подобро распоредување и додавање на промени со кои менаџерот би можел да спореди што клиентите сакаат а што не. |
| 24 | * **Брзи промени на мени и додавање на специјални менија**: Промена на менија, вклучување на оброци кои се на одреден попуст. Вклучување на специјали за викенди, празници итн. |
| 25 | * **Користење попусти**: Корисниците можат да користат попуст кој го добиле поради редовност, или да вкусат добра храна која е на попуст или наведена како специјал во менито за преглед |
| 26 | == Ризици |
| 27 | * **Прифатливост**: Потребно е адаптирање на начинот на работа со самиот ресторан и луѓето кои работат во него, бидејќи истото бара ангажираност и соработка од сите вклучени во процесот. |
| 28 | * **Клиентско користење**: Самите клиенти кои се потенцијални потрошувачи мора да се навикнат да бараат и резервираат маси преку системот, да нарачуваат и користат попусти. |
| 29 | * **Неажурност на информации**: Статус на магацин, зафатеност на маси, менаџмент со човечки ресурси кои брзо можат да доведат до дезинформација која може да предизвика штета. |