Задача 1
Дефинирање на проект
Во денешно време сведоци сме за потреба на систем кој ќе им ја олесни работата на работниците во болниците, но и на крводарителите. Тоа би бил системот за резерви на крв кој спаѓа во групата на ERP системи. Овој систем треба да:
- овозможи брза и лесна комуникација помеѓу вработените во болниците на самата локација, но и во друга болница
- реши проблеми со недостаток на крв во одредена болница
- реши проблем за креирање и одржување на крводарителски акции
- поттикне повеќе крводарители
Решавањето на проблемот со недостаток на крв во одредена болница како и брза и лесна комуникација помеѓу вработените, но и комуникација со крводарителите за хитни моменти се предуслов за постоење на овој систем. Комуникацијата помеѓу вработените во самата болница за потреби на одреден тип на крв може да спаси нечиј живот, затоа што докторите во секој момент ќе имаат увид за количината на секој тип на крв. И доколку недостасува некој одреден тип на крв, истите може да ги известат останатите болници за хитната потреба од одреден тип на крв. Па така и комуникацијата со останатите болници претставува важен фактор.
Овој систем треба да им овозможи на вработените во болницата да имаат можност за проверка на залихите на резерви на крв. Доколку постои недостаток на крв тие ќе можат да ги известат сите потенцијални и постојани крводарители за потреби на одреден тип на крв.
Известување на потенцијалните и постојаните крводарители за нови крводарителски акции исто така е многу важно. Затоа овој систем ќе овозможи брзо, лесно и ефикасно известување на истите за потенцијални крводарителски акции.
Како овој систем би поттикнал повеќе крводарители? Доколку некој потенцијален крводарител сака да донира крв, но не верува на "системот", нашиот систем ќе овозможи форум за дискусии кои што ќе може да ги следи искуствата на постоечките крводарители, па со тоа и самиот да се приклучи. Друга причина што би ја навел е дека може да се случи поради хитноста на некоја тешка операција да е потребен одреден тип на крв, се известуваат сите потенцијални и постојани крводарители па така и тој би се приклучил за да помогне во спасување на нечиј живот.
Опис и избор на софтверско решение
Постојат неколку софтверски решенија кои што ги задоволуваат нашите use-case дијаграми.
- ADempiere претставува софтверско решение кое е погодно за мали и средни бизниси. Формирано е во 2006 година. Ги покриваше нашите студии на случаи. Ги вклучува следниве типови на системи: ERP, CRM и SCM. Подржан е на Linux, Windows, Unix. Исто така, поддржан на неколку јазици. Но сепак, се одлучивме да не го избереме оваа решение бидејќи е cloud базирано, а не може да се инсталира на наш сопствен облак. (1)
- ERPNext претставува open source ERP решение кое што ни дозволува да водиме сметка од нашите резерви напишан во Python и JavaScript. Ги вклучува следниве типови на системи: ERP, CRM. Основачот е Rushabh Mehta и првпат е пуштен во употреба 2008 година. Покриваше само мал дел од нашите студии на случај и поради тоа не го искористивме.(2)
- Odoo е пакет на софтверски решенија со отворен код кои ги покриваат сите наши потреби: CRM, форум, инвентар, регистрирање на корисници, креирање настани, календар на настани, податоци за регистрирани корисници и сл. Исто така е и веб базиран софтвер. Основачот е Fabien Pinckaers и за прв пат е пуштен во употреба 2005 година. Одлучивме да го искористиме оваа софтверско решение, бидејќи цената за користење е мала во споредба со останатите решенија. За регистрирање на 1 корисник се плаќа 10 евра но постои и можност за слободно користење на софтверот одреден временски период. Ние ја искористивме демо верзијата, и според тоа одлучивме дека покрива 90% од студиите на случаи. Потребни се некои мали надоградби, со цел да се задоволат сите барања на нашиот систем. (3)
Избор на софтверско решение
По разгледување на сите решенија кои ги најдов на Интернет се одлучив за Odoo, кој што ги задоволување скоро сите наши дијаграми. Во прилог ќе покажам кои функционалности ги нуди оваа софтверско решение.
Функционалности на системот Odoo
Можност за бесплатна употреба 15 дена, и избор на повеќејазичност:
Можност за креирање на канал за брзо контактирање на крводарителите за потреби од крв:
Можност за закажување на датум за крводарителска акција:
Можност за ажурирање на база на податоци за вработени:
Attachments (7)
- 1.png (129.7 KB ) - added by 6 years ago.
- 2.png (39.9 KB ) - added by 6 years ago.
- 3.png (61.5 KB ) - added by 6 years ago.
- 4.png (54.3 KB ) - added by 6 years ago.
- 5.png (44.1 KB ) - added by 6 years ago.
- 6.png (38.5 KB ) - added by 6 years ago.
- 7.png (22.1 KB ) - added by 6 years ago.
Download all attachments as: .zip