wiki:Zadaca_1M

1: Опис и дефинирање на проект

Во денешно време луѓето и болниците се соочуваат со недостатоци на резерви на крв. Поради тоа ние одлучивме да направиме систем за управување со резерви за крв, со кој што би се решиле проблемите за недостаток на крв, полесно ќе се едуцираат луѓето за бенефитите на донирање на крв, ќе се привлекуваат нови крводарители и слично. Овој наш систем спаѓа во ERP систем, и ќе служи како софтвер за управување со резерви за крв, софтвер за организирање на крводарителски акции, комуникација и евиденција на потенцијални и активни крводарители, ажурирање на вработени во болници, ажурирање на резерви со крв, полесна комуникација помеѓу болниците и слично.

Овој систем треба да нуди:

  • можност на крводарителите да бидат известени во случај на итно потребни донации или пак донации од било каков тип
  • можност на крводарителите да дознаат за бенефитите од крводарителство
  • можност на болниците да комуницираат помеѓу себе
  • можност да се организираат крводарителски акции и преку апликацијата да се известат сите потенцијални и активни крводарители
  • можност за ажурирање на база со вработени во болници
  • можност за ажурирање на база на податоци со активни крводарители и нивни податоци

Комуникацијата помеѓу болниците/менаџерите и помеѓу крводарителите е од клучна важност. Потенцијалните крводарители со помош на апликацијата ќе се едуцираат, со што постои поголема шанса тие да се одлучат да донираат крв. Активните крводарители во секој момент ќе бидат известени за недостатоци од крв, и ќе можат во најбрз момент да донираат.

Софтверот исто така ќе овозможува на менаџерите на болниците, да определуваат кои се вработени кои што можат да имаат пристап до информациите за пациентите. Доколку некој вработен е отпуштен од неговата работа, или пак се прими нов вработен, се ажурира базата на податоци.

2. Готови софтверски решенија

На интернет, успеав да најдам голем број на софтверски решенија. Дел од нив не ги исполнуваа условите и студиите на случаи затоа што беа cloud базирани или пак не ги исполнуваа сите Use case модели. Едни од најпопуларните софтверски решенија, воедно и оние кои што најмногу одговараа се:

  • Dolibarr - претставува open source, бесплатен софтвер за ERP системи, кој што е наменет за мали и средни компании, фондации. Вклучува различни функционалности за планирање и врски со корисници. Софтверот е напишан во PHP, лиценца:GNU General Public License 3.0, Developer(s): Dolibarr team
  • Adempiere претставува ERP модел, кој што е бесплатен за користење. Напишан е во Java, Stable release: 3.9.0 / 2 August 2017 Platforms: Apache Tomcat, WildFly.
  • Tryton - претставува компјутерска апликација која што е изградена на високо ниво, и овозможува изградба на ЕРП решенија. Не ја избравме оваа опција бидејќи не ги исполнување сите студии на случај. Written in: Python, JavaScript Developer(s): Cédric Krier and the Tryton community
  • Odoo - претставува софтвер за градење на ЕРП системи и е погоден за компании од секаква големина. Ние се одлучивме за Odoo, бидејќи ги исполнува сите Use Case модели. Developer(s): Odoo S.A., Community Original author(s): Fabien Pinckaers Stable release: 12.0 / October 3, 2018; 3 months ago Preview release: master Operating system: Linux, Unix-like, OS X, Windows, iOS, Android Written in: Python, JavaScript, XML

3. Избор на софтвер Откако ги разгледавме сите можни бесплатни софтвери, се одлучивме за Odoo, бидејќи ги покрива сите Use Case модели. Дури и овозможува неколку дополнителни функционалности. До trial верзијата, може да се пристапи на следниот линк: https://www.odoo.com/trial

Last modified 6 years ago Last modified on 01/23/19 01:17:26

Attachments (9)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.