wiki:Zadaca_2M

Студија на изведливост

Пред да се развие еден софтвер, за да се намали ризикот од негово пропаѓање, потребно е да се направат неколку анализи. За да се развие некој систем, потребно е да се одвојат средства за вработени, девелопери. Потребни се многу финансиски средства. Бидејќи многу од проектите пропаѓаат, овие анализи ќе помогнат да се процени дали треба да се ризикува со правење на софтверот, или пак не. Целта на студијата на изведливост што ние ќе ја правиме, ќе ни биде една насока кон тоа дали да почнеме со развивање на софтверот, или не.

1. Економска изводливост:

Во делот за економска изведливост, ќе дознаеме колку ќе изнесува развојот на системот, и дали ќе имаме придонеси од истиот тој систем. Најважно при развивање на софтвер, е дали ќе имаме придонеси. Постојат различни видови на придонеси: монетарен, материјален и нематеријален придонес. За нашиот систем најважно е доброто менаџирање и добриот канал за комуникација. Нашата апликација ќе биде бесплатна за клиентите, а единствениот приход ќе биде од Министерство За Здравство на Република Македонија, кои што ќе плаќаат годишна лиценца за користење. Во табелата е прикажана анализа на вкупни трошоци за изработка на системот:

Вo табелата е прикажана економската изводливост по развој на системот, после 1, 3 и 5 години.

Во табелата се гледа, дека со користење на Одоо, придобивки од софтверот би се очекувале веднаш по првата година, додека со користење на нашиот софтвер придобивки ќе има после 3та година. Но сепак, ние се одлучивме за сопствено софтверско решение поради тоа што гледано на долг рок е поисплатливо. Доколку ги споредиме резултатите од исплаќањето после 5та година, се гледа дека со користење на наше софтверско решение ќе имаме профит од 72910, а со користење на Одоо 54030 евра.

Постојат голем број на придобивки со изградба на овој систем.

2. Техничка изводливост

Главна техничка претпоставка е наведена уште во визијата на проектот, корисниците да имаат пристап до паметни мобилни телефони Android/iOS, со активна интернет конекција, што би овозможило постојано да се достапни во случај на итна потреб а на крв.

3. Операциона изводливост

Операциона изведливост се базира на два аспекта: Аспект на вработен во болница, и аспект на крводарител

Аспект на вработен во болница - Апликацијата ќе биде прилично лесна за користење, така што нема да има потреба од дополнителни обуки за користење. Најважно по креирање на софтверот ќе биде маркетинг, дел кога ќе се запознаваат сите граѓани со придобивките на оваа апликација, со што тие ќе се охрабрат да почнат да ја користат.

Вработени во болница: Во болниците во РМ досега немало ваков систем. Ќе се одржат обуки на вработените во болницата за користење на овој софтвер. Со оглед на тоа што софтверот е лесен за користење, обуката ќе се заврши брзо и ефикасно.

4. Временска изводливост

I Активност: 1 итерација од фазата на иницијализација

  • Времетраење: 2 недели
  • Подактивности: Изработка на визијата на системот и изработка на прелиминарните кориснички барања

II Активност: 2 итерација од фазата на иницијализација

  • Времетраење: 2 недели
  • Подактивности: Детализација на визијата на системот, корисничките барања и план за фазата на елаборација

III Активност: 1 итерација од фазата на елаборација

  • Времетраење: 4 недели
  • Подактивности: Прелиминарна архитектура, UML дијаграми и Use case модел

IV Активност: 2 итерација од фазата на елаборација

  • Времетраење: 4 недели
  • Подактивности: Анализа на use cases и операциска анализа, како и архитектурен прототип

V Активност: 3 итерација од фазата на елаборација

  • Времетраење: 4 недели
  • Подактивности: Детализација на UML дијаграми и втор архитектурен прототип

VI Активност: 4 итерација од фазата на елаборација

  • Времетраење: 4 недели
  • Подактивност: Детализација на UML дијаграм, трет – конечен архитектурен прототип

VII Активност: 1 итерација од фазата на конструкција

  • Времетраење: 14 недели
  • Подактивности:Дизајн и имплементација на корисничките барања и интеграција на корисничките барања, воедно и извршување прв прототип

VIII Активност: 2 итерација од фазата на конструкција

  • Времетраење: 10 недели
  • Подактивности:Тестирање на корисничките барања и поправање грешки и извршување втор прототип. План за фазата на транзиција

IX Активност: 1 итерација од фазата на транзиција

  • Времетраење: 6 недели
  • Подактивности: Транзиција на системот во околината на компанијата и обука на корисниците
Last modified 6 years ago Last modified on 01/29/19 17:36:01

Attachments (3)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.