wiki:Zadaca_3

Процес за развој на информациски систем за резерви на крв

За развој на Информациски систем за резерви на крв би го искористил RUP процесот. Структурата на RUP се состои од 4 фази. Во овој дел подетално ќе ги разгледаме сите фази во развојот на оваа софтверско решение. (4)

Inception

Оваа фаза ќе биде поделена на 2 итерации односно во првата итерација нашата софтверска компанија ќе треба да закаже и одржи состанок со некој претставник од Министерство за здравство и претставник од Црвен Крст. На овој состанок ќе се презентира идејата на нашата компанија односно ќе биде презентирана идејата за самиот софтвер. На состанокот ќе бидат дефинирани главните проблеми и барања. Односно како да се пријавуваат проблеми со резерви на крв, доколку во некоја болница има недостаток од одреден тип на крв на кој начин ќе бидат известени најблиските болници, потенцијалните и постојните крводарители - преку нотификации, пораки за хитност и сл. Исто така ќе се дефинира и начинот на кој ќе бидат обавестени крводарителите за крводарителските акции. Сите овие барања и проблеми ќе бидат разгледани од нашата компанија и ќе биде направена прелиминирна листа на барања. Сите овие барања, проблеми и забелешки треба да бидат дел од визијата на нашата компанија. Во втората итерација имаме повторен состанок помеѓу истите учесници за презентација на визијата на оваа софтверско решение, сите заинтересирани страни, предности на системот и сл. По завршување на овој состанок со сите забелешки за визијата нашата компанија треба да ги допрецизира визијата и корисничките барања. Откако ќе биде тоа завршено се прави план за Елаборација.

Elaboration

Како и претходната фаза така и оваа би имала неколку итерации. Во првата итерација нашата софтверска компанија прави прелиминарна архитектура за прототип. На состанокот со претставниците се презентираат детализираните кориснички барања и се дефинираат use-case моделите. Исто така се опишуваат и главните сценарија за функционалноста на системот. Заедно со сите забелешки и коментари во втората итерација се анализираат корисничките барања и се прави прв прототип на архитектура на системот. Во третата итерација, се дискутира и анализира самиот прототип. Заедно со сите забелешки се прави корекција на самиот прототип и се доставува конечен прототип.

Construction

Во оваа фаза се дизајнираат и имплементираат use-case моделите. Односно се започнува со најосновите кориснички барања, како што се потреби за одреден тип на крв, крводарителски акции и сл. Се прават и интегрираат use case-овите за сите кориснички барања што биле претходно наведени и прецизирани во првата фаза. Тука би имало неколку use case-ови кои би биле важни за нашиот софтвер и кои треба да се интегрираат, прецизираат. Некои од нив: креирање на крводарителски акции, праќање нотификации за потреби на крв, ажурирање податоци за резерви на крв, закажување датум за донирање крв. Се прави тестирање на сите use case-ови во втората итерација на оваа фаза. Се прави промена на сите use case-ови за кои имало забелешки на состанокот после првата итерација. Се доставува самиот софтвер, документацијата за работа со софтверот. Овие работи ги испраќа нашата компанија до Министерство за здравство и Црвен Крст. По оваа нашата компанија прави план за транзиција.

Transition

Нашата компанија врши инсталација на системот во сите болници. Исто така се пушта во употреба и во опкружувањето за да можат да го користат и крводарителите. А за вработените се прави дополнителна обука за да може побрзо системот да се имплментира во работата но и тие самите побрзо да научат да работат со самиот систем.

Last modified 6 years ago Last modified on 01/23/19 02:50:19
Note: See TracWiki for help on using the wiki.