wiki:Zadaca_3M

Избор на процес за развој на информациски систем

Пред да се конструира еден софтверски систем, потребно е да се направи анализа на софтверскиот систем. За изведување на ERP моделот, најпогоден е RUP процесот за развој на информациски системи.

RUP (Rational Unified Process)

RUP e добро дефиниран и структуриран процес за развој на софтверски систем којшто користи техники и алатки, коишто го помагаат програмирањето и имплементацијата на продуктот. Со други зборови RUP му обезбедува на продуктот индивидуализирана рамка за развојот на процесот, која што е прилагодлива и компанијата за која се развива системот сама ги бира елементите од процесот потребни за негов развој, т.е. RUP не е единствен конкретен утврден процес.

Карактеристики на RUP

Карактеристики на RUP се: 1- процесот се води според кориснички случаи (Согласно со карактеристиката дека се води според корисничките случаи, побарувањата на клиентите се изразуваат преку тие кориснички случаи. Тие ја доловуваат целосната функционалност на системот, но не само тоа, истите се користат за дизајнирање на системот, спроведување на развојниот процес и крајното тестирање на системот, со цел да се увиди дека системот ги исполнува барањата на клиентот, затоа што како што знаеме, клиентот и неговите побарувања се суштината на системот.) 2- централизиран на архитектура(Што се однесува до архитектурата, RUP најмногу се фокусира на архитектурата со цел да се претстави и увиде системот уште пред да се имплементира. Содржи детали за платформата на системот и неговите нефункционалности. Најпрво се поставува опис на архитектурата во кратки црти, а потоа со развојот на процесот низ фазите на RUP истата се менува и детално се опишува.) 3- повторлив и постепен (Поради сложеноста на системите кои се развиваат, потребно е барањата постепено да се развиваат и да се додефинираат, затоа што тие неможат да бидат целосно прецизни и добро дефинирани уште при првото дефинирање. Како што се менуваат условите и како што се стекнува разбирање со клиентите истите постепено се развиваат. Па според тоа процесот на развој се дефинира како серија контролирани повторувања.)

Примена на RUP во Информациски систем за управување со резерви на крв

  • Иницијализација за Информациски систем за управување со резерви на крв

Почетна фаза е фазата за иницијализација на проектот. Во оваа фаза има две итерации, каде што се врши изработка на визијата на системот и изработка на прелиминарните кориснички барања во прва итерација, и детализација на визијата на системот, корисничките барања и план за фазата на елаборација во втора итерација

1 итерација: Се одршува состанок со нарачателите на системот и со сите заинтересирани страни. На овој состанок клиентот ги изложува своите барања. По состанокот, тимот дискутира за системот. Потоа се пишува визијата, се составуваат корисничките барања според барањата на клиентот. Со готова визија и дефинирани кориснички барања се завршува оваа итерација.

2 итерација: Повторен состанок со клиентот, му се презентираат визијата и корисничките барања. На овој состанок се очекуваат забелешки од страна на клиентот, за да може да се продолжи со работа. По завршување на состанокот се детализираат визијата и корисничките барања и се прави економска анализа.

  • Елаборација за Информациски систем за управување со резерви на крв

По фазата на иницијализација, следи фаза на елаборација. Во оваа фаза може да има од 2 до 4 итерации.

1 итерација: Се прави прелиминарна архитектура на системот. Средба со клентот за собирање на детали за кориснички барања и дефинирање на конечниот use case модел. Се креираат UML дијаграмите.

2 итерација: Во втората итерација се завршува анализа на кориснички случаи и операциска анализа

3 итерација: Повторен состанок со клиентите за да се претстават архитектурните прототипови. Детализација на UML дијаграми

4 итерација: Доработување на графици за информацискиот систем, се претставува конечниот прототип на клентот.

  • Конструкција за Информациски систем за управување со резерви на крв

Во оваа фаза се започнува со конструкција на софтверот. Има две итерации 1 итерација: Се дизајнира и имплементира секое корисничко барање. Потоа се врши нивно интегрирање на софтверот. Се претставува прототипот на клиентот. 2 итерација: Во втората итерација се тестираат корисничките барања и се поправаат грешките.

  • Транзиција на Информациски систем за управување со резерви на крв

Во оваа фаза се пренесува софтверот на корисниците и се врши обука

1 итерација: Во оваа итерација најпрво ќе го пренесеме готовиот систем во околината на корисниците и ќе го инсталираме таму каде што ќе биде потребно. По сето ова ќе ја извршиме потребната обука на корисниците за користење на системот. Со тоа се завршува и целиот развој на нашиот систем користејќи го RUP просецот.

Last modified 6 years ago Last modified on 01/23/19 02:48:06
Note: See TracWiki for help on using the wiki.