Changes between Initial Version and Version 1 of Zadaca_3M


Ignore:
Timestamp:
01/23/19 02:48:06 (6 years ago)
Author:
153012
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • Zadaca_3M

    v1 v1  
     1**Избор на процес за развој на информациски систем**
     2
     3Пред да се конструира еден софтверски систем, потребно е да се направи анализа на софтверскиот систем.
     4За изведување на ERP моделот, најпогоден е RUP процесот за развој на информациски системи.
     5
     6**RUP (Rational Unified Process)**
     7
     8**RUP** e добро дефиниран и структуриран процес за развој на софтверски систем којшто користи техники и алатки, коишто го помагаат програмирањето и имплементацијата на продуктот. Со други зборови RUP му обезбедува на продуктот индивидуализирана рамка за развојот на процесот, која што е прилагодлива и компанијата за која се развива системот сама ги бира елементите од процесот потребни за негов развој, т.е. RUP не е единствен конкретен утврден процес.
     9
     10**Карактеристики на RUP**
     11
     12Карактеристики на RUP се:
     131- процесот се води според кориснички случаи (Согласно со карактеристиката дека се води според корисничките случаи, побарувањата на клиентите се изразуваат преку тие кориснички случаи. Тие ја доловуваат целосната функционалност на системот, но не само тоа, истите се користат за дизајнирање на системот, спроведување на развојниот процес и крајното тестирање на системот, со цел да се увиди дека системот ги исполнува барањата на клиентот, затоа што како што знаеме, клиентот и неговите побарувања се суштината на системот.)
     142- централизиран на архитектура(Што се однесува до архитектурата, RUP најмногу се фокусира на архитектурата со цел да се претстави и увиде системот уште пред да се имплементира. Содржи детали за платформата на системот и неговите нефункционалности. Најпрво се поставува опис на архитектурата во кратки црти, а потоа со развојот на процесот низ фазите на RUP истата се менува и детално се опишува.)
     153- повторлив и постепен (Поради сложеноста на системите кои се развиваат, потребно е барањата постепено да се развиваат и да се додефинираат, затоа што тие неможат да бидат целосно прецизни и добро дефинирани уште при првото дефинирање. Како што се менуваат условите и како што се стекнува разбирање со клиентите истите постепено се развиваат. Па според тоа процесот на развој се дефинира како серија контролирани повторувања.)
     16
     17**Примена на RUP во Информациски систем за управување со резерви на крв**
     18
     19 - Иницијализација за Информациски систем за управување со резерви на крв
     20
     21Почетна фаза е фазата за иницијализација на проектот. Во оваа фаза има две итерации, каде што се врши изработка на визијата на системот и изработка на прелиминарните кориснички барања во прва итерација,  и детализација на визијата на системот, корисничките барања и план за фазата на елаборација во втора итерација
     22
     23''1 итерација:''
     24Се одршува состанок со нарачателите на системот и со сите заинтересирани страни. На овој состанок клиентот ги изложува своите барања. По состанокот, тимот дискутира за системот. Потоа се пишува визијата, се составуваат корисничките барања според барањата на клиентот. Со готова визија и дефинирани кориснички барања се завршува оваа итерација.
     25
     26''2 итерација: ''
     27Повторен состанок со клиентот, му се презентираат визијата и корисничките барања. На овој состанок се очекуваат забелешки од страна на клиентот, за да може да се продолжи со работа. По завршување на состанокот се детализираат визијата и корисничките барања и се прави економска анализа.
     28
     29 - Елаборација за Информациски систем за управување со резерви на крв
     30
     31По фазата на иницијализација, следи фаза на елаборација. Во оваа фаза може да има од 2 до 4 итерации.
     32
     33''1 итерација:''
     34Се прави прелиминарна архитектура на системот. Средба со клентот за собирање на детали за кориснички барања и дефинирање на конечниот use case модел. Се креираат UML дијаграмите.
     35
     36''2 итерација: ''
     37Во втората итерација се завршува анализа на кориснички случаи и операциска анализа
     38
     39''3 итерација: ''
     40Повторен состанок со клиентите за да се претстават архитектурните прототипови. Детализација на UML дијаграми
     41
     42''4 итерација: ''
     43Доработување на графици за информацискиот систем, се претставува конечниот прототип на клентот.
     44
     45 - Конструкција за Информациски систем за управување со резерви на крв
     46
     47Во оваа фаза се започнува со конструкција на софтверот. Има две итерации
     48 
     49''1 итерација:''
     50Се дизајнира и имплементира секое корисничко барање. Потоа се врши нивно интегрирање на софтверот. Се претставува прототипот на клиентот.
     51''2 итерација: ''
     52Во втората итерација се тестираат корисничките барања и се поправаат грешките.
     53
     54 - Транзиција на Информациски систем за управување со резерви на крв
     55
     56Во оваа фаза се пренесува софтверот на корисниците и се врши обука
     57
     58''1 итерација:''
     59Во оваа итерација најпрво ќе го пренесеме готовиот систем во околината на корисниците и ќе го инсталираме таму каде што ќе биде потребно. По сето ова ќе ја извршиме потребната обука на корисниците за користење на системот. Со тоа се завршува и целиот развој на нашиот систем користејќи го RUP просецот.
     60