Opened 13 years ago

Closed 13 years ago

#127 closed defect (fixed)

Одобрување на пристигната пријава за испит

Reported-by: Vangel Ajanovski Owned by: Vangel Ajanovski
Priority: critical Milestone: M009 - Пријавување испити 12.2011
Component: Enrollment Version:
Severity: Not possible to complete task Keywords:
Cc:

Description

Потребно да се овозможи најбрза можна проверка на пристигнати пријави за испит во тековната испитна сесија, со внесување контролен код за една по една пријава со што помалку внесувања. Кодот би бил генериран за секоја пријава, студентот ќе треба да го препише на самата пријава. Студентски прашања треба да можат да ја контролираат пријавата само со внесување на овој код. Кодот треба да е таков да нема дупликати и да има елементарна проверка на грешка за да не биде ненамерно одобрена пријава од друг студент.

Change History (3)

comment:1 by Vangel Ajanovski, 13 years ago

Status: newassigned

Поврзано е со #128, таму се генерира кодот и се чува во табелите. Тука треба да се изврши проверка на валидноста на влезот и потоа да се спореди со вредностите во табелите за да се пронајде избраната пријава за испит во базата.

Ќе се користи алгоритмот на Verhoeff за генерирање дополнителна цифра, и потоа уште еднаш на новодобиениот број за уште една дополнителна цифра.

Во најлош случај, при обид за злоупотреба од студент и внесување на малициозен код, ќе биде пронајдена пријавата од друг студент, а не сопствената, и ако тоа не го забележи вработениот во студентски прашања, ќе му одобри пријава на грешен студент.

Ова секако може да се провери на самиот крај при проверка на досието и гледање на фактичките кодови од пријавите.

comment:2 by Vangel Ajanovski, 13 years ago

[1938] е направено се освен проверката на таксената марка

comment:3 by Vangel Ajanovski, 13 years ago

Resolution: fixed
Status: assignedclosed

Решено е дека студент нема да може ни да пријави испит, ако нема таксена марка, што значи тој дел не мора тука да се проверува воопшто.

Note: See TracTickets for help on using tickets.