Version 1 (modified by 15 years ago) ( diff ) | ,
---|
Речник на термини за системот за CRM
Главни актери во системот
Корисник
Било кој корисник на системот. Замислено е системот да биде користен од целиот кадар во рамките на факултетот, освен студентите. Во корисници би биле вклучени и надворешните соработници, во зависност од нивната потреба за користење на системот.
Управен кадар
Еден од типовите на корисници. Во себе ги вклучува сите наставници и останатиот управен кадар кој не држи настава (пр. декан, продекани, шефови на институти и сл.).
Наставен кадар
Дел од управниот кадар кој е исклучиво наставен (професори, асистенти, демонстратори).
Технички кадар
Службата за студентски прашања заедно со целиот технички персонал, од типот на секретари, благајници и сл.
Други улоги на актерите во различните use-case-и
Закажувач
Актер од управниот кадар кој има право да закажува и повикува/поканува други корисници за состанок или телефонски повик.
Поканет
Актер од било кој дел (корисник) кој може да биде повикан/поканет на состанок или телефонски повик.
Доделувач
Актер од управниот кадар кој доделува работна задача или проект на друг корисник.
Извршител
Актер од било кој дел (корисник) кој добива работна задача за извршување од страна на актер од управниот кадар.
Носител
Актер од наставниот дел кој добива задолжение да биде носител и одговорен за некој регистриран проект во системот.
Пријавувач
Актер од било кој дел (корисник) кој пријавува проблем.
Задолжен
Актер од било кој дел (корисник) кој е задолжен за решавање на некој претходно пријавен проблем.
Останати термини
CRM (Custоmer Relationship Mаnagеment)
Израз за методологиите, софтверот, и вообичаено интернет можностите кои му помагаат на едно претпријатие да ги управува врските со клиентите на организиран начин (повеќе информации).
Факултет
Високообразовна институција за едукација на студенти со цел да се стекнат со експертни знаења во областа за која студираат.
Календар
- Општ календар - во кој се наведени датумите и роковите за извршување на некои заеднички активности за повеќе корисници.
- Личен календар - во кој се наведени датумите и роковите за извршување на активностите и задачите за актерот кој побарува приказ (само тој може да го види личниот календар).
Статус на ден
Статус на ден претставува избор/преглед дали засегнатиот ден е работен или неработен.
Неработен ден
Денови кои се прогласени за неработни за факултетот од страна на надлежната институција (надлежно министерство, универзитет).
Генерален распоред
Дел од општиот календар во кој се определени статусите на деновите од идниот период.
Активност
Некое очекувано однесување кое може да се регистрира во системот. Системот ги разликува следните типови на активности:
- Телефонски повик - закажување на извршување на телефонски разговор во определено време, помеѓу определени личности и на определена тема.
- Состанок - закажување на непосреден контакт помеѓу најмалку две личности во определено време, на определено место и со определена тема и/или агенда.
- Работна задача - задавање на добро дефиниран процес кој треба да биде извршен од страна на определена личност во определени временски рамки.
Настан
Случување организирано од страна на факултетот. Може да биде семинар, промотивна (маркетинг) кампања, конференција, научен собир и сл.
Буџет на настан
Парични средства планирани за овозможување на организацијата на соодветниот настан.
Филтер
Средство со кое се одделуваат податоците кои ги бараме од непотребните и ни се прикажуваат само тие.
Шанса
Можност за унапредување на угледот и финансиската состојба на факултетот со помош на изведување на некој проект. Примери: тендер, отворени научни проекти, интересни контакти со потенцијал за проекти и сл.
Проект
Посложена целина од работни задачи која побарува ангажман на најмалку едно лице вработено во факултетот.
Проектни фази
Делови на кои логички е разделен еден проект, со цел полесна изработка и воведување на евентуален паралелизам при изведбата.
Проблем
Дефект појавен во било кој дел од работењето на факултетот. Примери: забележана печатна грешка во било каква публикација, неажурирани web страници, огласни табли, необјавени соопштенија, погрешно изработени работни задачи и сл.