| 1 | |
| 2 | == CRM го решава проблемот на: == |
| 3 | |
| 4 | * Лоша интеракција со студентите, особено со потенцијалните. Може да биде проблем во комуникацијата помеѓу наставниот кадар и студентите, но и службата за студентски прашања и студентите. |
| 5 | * Слаба координираност на вработените во факултетот (најчесто студентски прашања), во контекст на комуникација со студенти. |
| 6 | * Слаба координираност при работа на научно-истражувачки проекти или при подготовка на наставни планови и содржини. |
| 7 | * Доцнење на информациите во комуникацијата во рамките на факултетот (претпоставен-подреден), но и во комуникацијата помеѓу факултетот и студентите. |
| 8 | * Проблематична размена на документи во рамките на факултетот. |
| 9 | * Нетранспарентно и проблематично управување со контактите на факултетот. |
| 10 | * Немање механизам за евалуација на вредноста на вработените, во смисол работата која ја завршиле. |
| 11 | |
| 12 | |
| 13 | |
| 14 | == Засегнати од проблемот се: == |
| 15 | |
| 16 | * Студенти, кои имаат проблеми при комуникацијата со студентски прашања или со своите професори. |
| 17 | * Потенцијални студенти, кои сакат подетално да се информираат за факултетот. |
| 18 | * Кадар на факултетот (без разлика на наставен или технички), кој има проблеми во меѓусебната координација и комуникација, но и комуникацијата со студентите. |
| 19 | * Управувачки дел од кадарот на факултетот, кој има проблем при барањето на „тесни грла“ или при вреднување на вработените. |
| 20 | * Надворешни соработници, кои само привремено работат со или во факултетот. |
| 21 | |
| 22 | |
| 23 | |
| 24 | == Проблемите доведуваат до: == |
| 25 | |
| 26 | * Губење на потенцијални студенти, заради слабата информираност. |
| 27 | * Незадоволство кај моменталните студенти, заради бавната и сложена комуникација. |
| 28 | * Губење на потенцијални надворешни научно-истражувачки проекти, или проекти за унапредување на наставната програма. |
| 29 | * Лоша комуникација помеѓу кадарот на факултетот, што доведува до нивно незадоволство и/или ниско ниво на меѓучовечки односи. |
| 30 | * Незадоволство кај вработените во факултетот заради нетранспарентна или неправична евалуација на исполнувањето на работните задачи и обврски. |
| 31 | |
| 32 | |
| 33 | |
| 34 | == Успешно решение би: == |
| 35 | |
| 36 | * Помогнало за забрзување на патувањето на информациите низ универзитетската организација (професор - студент, професор - професор, професор - технички персонал, технички персонал - студент). |
| 37 | * Довело до подобрување на односите помеѓу вработените внатре во факултетот, но и односите помеѓу вработените и студентите. |
| 38 | * Привлекло повеќе студенти. |
| 39 | * Олеснило земање на повеќе проекти (научно-истражувачки и наставни). |
| 40 | * Ја олеснило соработката со надворешни ентитети. |
| 41 | * Го подобрило, олеснило и направило потранспарентно вреднувањето (евалуацијата) на кадарот. |