Version 6 (modified by 15 years ago) ( diff ) | ,
---|
CRM: Дефинирај неработни денови
Актери
Управен кадар.
Контекст
Заради користење во други use-case-и, каде постои ограничување за распоредувањето на активностите, потребно е актерот периодично да го обновува генералниот распоред на работните и неработните денови на факултетот.
Ниво
Поддршка.
Предуслови
/
Постуслови
- Неработните денови се регистрирани и обележани во општиот календар.
- Во use-case-ите Закажи состанок, Закажи телефонски повик и Додели работна задача повеќе не е можно користење на деновите кои се регистрирани како неработни, а ако веќе има распоредено некое случување од таков тип, одговорните (актерите на тие use-case-и) на тие use-case-и се известуваат и се бара промена од нивна страна.
Бизнис правила
- Неработните денови актерот ги добива периодично од релевантните институции или се заклучуваат на некој состанок, и задолжително е во рок од 5 дена од кога му е ставено до знаење, да ги објави.
- Во случај некоја од активностите да мора да се случи за време на неработни денови, потребна е согласност и од страна на распоредувачот, и од страна на извршителот на активноста.
Апликациски правила
- Не смее да им се менува статусот (работен/неработен) на изминатите денови.
Сценарио
- Актерот го бира периодот за кој ќе ги дефинира неработните денови.
- Системот ја пресметува и прикажува листата со преддефинирани работни и неработни денови (викенди, новогодишни празници, повторливи државни празници) за тој период.
- Актерот ја корегира листата на преддефинирани работни и неработни денови за избраниот период.
- Системот испраќа известувања до сите корисници за деновите со непредвидлив статус (работни денови дел од викенд и неработни денови кои не се дел од викенд).
- Системот испраќа барања за преместување на активности до корисниците кои распоредиле некоја активност на претстоен неработен ден.
- Новите неработни и работни денови се зачувани и достапни на календарите.
Алтернативи
Варијации
3а. Некој од преддефинираните неработни денови станал работен, и се менува неговиот статус.
3б. Некој од преддефинираните работни денови станал неработен (нов државен празник, празници кои не се зависни од датумот), се менува нивниот статус и се дефинира дали да има годишна повторливост кај нив.
Исклучоци
1a. Корисникот избрал период во кој спаѓаат датуми кои изминале. Се враќа на истиот чекор.
Екрани
Референци кон прозорци или web страници кои ќе бидат прикажувани при извршувањето на овој use-case.
Забелешка: Ќе се користи за референци кон прозорците на SugarCRM кои се соодветни на опишуваниот use-case.
Фреквенција
На почетокот од годината, према листата на сите празници важечка за претстојната година и по еднаш најмногу 5 дена по секое ново известување стигнато до управниот кадар.