wiki:CRM_razdeliProektNaFazi

CRM: Раздели проект на фази

Актери

Наставен кадар (Носител на проект).

Контекст

Актерот - носител на проектот го разделува проектот на фази со цел да се добие подобра структурираност на крупни проекти за нивно подобро согледување. Проектните фази се механизам кој обезбедува, од една страна, групирање на работните задачи потребни да се изведе проектот, а од друга, последователност во работењето на проектот. Може да се воведат паралелни и последователни фази.

Ниво

Јадро.

Предуслови

  • Проектот е претходно внесен во системот и актерот е негов носител.

Постуслови

  • Проектот е разделен на проектни фази и е овозможено доделување на работни задачи на различни извршители по секоја фаза.

Бизнис правила

  • Почетните и крајните датуми на проектните фази не смеат да излегуваат од рамките на почетните и крајните датуми на самиот проект.
  • Задолжително е фазите да овозможуваат последователност, (нпр. не смее фаза со која се завршува 30% од проектот да следува после фаза со која се завршува 50% од проектот).

Апликациски правила

/

Сценарио

  1. Внесување на податоци за новите проектни фази (почетен датум, краен датум, зависни фази, паралелни фази, колкав дел од проектот ќе биде завршен со завршувањето на фазата).
  2. Зачувување на проектните фази.

Алтернативи

Варијации

1а. Актерот сака да додели работни задачи за проектните фази. Во тој случај се отвора пристап кон use-case-от Додели работна задача онолку пати колку што актерот ќе има потреба.

Исклучоци

/

Екрани

Референци кон прозорци или web страници кои ќе бидат прикажувани при извршувањето на овој use-case.
Забелешка: Ќе се користи за референци кон прозорците на SugarCRM кои се соодветни на опишуваниот use-case.

Фреквенција

/

Last modified 16 years ago Last modified on 06/25/09 18:24:33
Note: See TracWiki for help on using the wiki.