Version 2 (modified by 16 years ago) ( diff ) | ,
---|
CRM: Регистрирај исход од активност
Актери
Корисник.
Контекст
Акетрот на системот партиципирал во некоја активност (работна задача, тел. повик или непосреден) и има потреба од внесување на исходот од таа активност, евентуални заклучоци, коментари и слично.
Ниво
Јадро.
Предуслови
- Корисникот е учесник во некоја активност (работна задача, тел. повик или непосреден) која изминала (крајниот рок или планираното време е поминато)
Постуслови
- Исходот од активноста е внесен во системот.
- Останатите корисници поврзани со активноста се известени во врска со нејзиниот исход.
Бизнис правила
- Корисникот кој го внесува исходот од активноста не добива известување во врска со внесениот исход.
Апликациски правила
/
Сценарио
- Бирање на активност од сите за кои корисникот е регистриран и се изминати.
- Внесување на податоци за исходот од активноста (доработена или недоработена, одржан или неодржан, заклучоци…).
- Зачувување на исходот и информирање на останатите засегнати корисници.
Алтернативи
Варијации
2а. Ако веќе постои регистриран исход за активноста, се пристапува кон use-case Внеси забелешка или прилог датотека.
Исклучоци
3а. Веќе постои исход во врска со таа активност (другиот исход е внесен додека корисникот го внесувал својот). Се преминува кон точката 2а од варијациите.
Екрани
Референци кон прозорци или web страници кои ќе бидат прикажувани при извршувањето на овој use-case.
Забелешка: Ќе се користи за референци кон прозорците на SugarCRM кои се соодветни на опишуваниот use-case.
Фреквенција
Најмалку по еднаш за секоја регистрирана активност.