wiki:CRM_registrirajNastan

Version 2 (modified by ii10931, 16 years ago) ( diff )

CRM: Регистрирај настан

Актери

Управен кадар, Наставен кадар.

Контекст

Актер од управниот кадар има потреба од регистрирање на настан кој е во организација на факултетот. Ваков настан може да биде: семинар, промотивна кампања, конференција и сл. Исто така, регистрацијата на паричните средства потрошени за организацијата на настанот претставува интегрален дел од исполнувањето на целта - системот да овозможува поголема транспарентност во рамките на факултетот.

Ниво

Јадро.

Предуслови

/

Постуслови

  • Настанот е регистриран и внесен во општиот календар на факултетот.

Бизнис правила

  • Постои одобрение за организација на некој настан од страна на релевантното тело во факултетот.
  • Постои и проектиран и реализиран буџет за настанот - двата треба да бидат покриени од страна на системот.

Апликациски правила

  • Корисниците кои ќе бидат поврзани преку работни задачи со настанот мора да бидат исто така внесени во делот на контакти поврзани со настанот. Во случај корисникот тоа да не го направи, системот треба да го изврши асоцирањето автоматски.

Сценарио

  1. Внесување на податоци за настанот (тип, почетен датум, краен датум, буџет, цел, опис, состојба).
  2. Поврзување на новиот настан со некој друг ентитет од системот.
  3. Зачувување на настанот.

Алтернативи

Варијации

2а. Поврзување на постоечки контакти или групи на контакти со новиот настан.
2б. Поврзување на контакти или групи на контакти со новиот настан, но контактите или групите сеуште не се внесени во системот. Се пристапува кон use-case „Внеси контакт“ или Групирај контакти.
2в. Поврзување на настанот со постоечки работни задачи.
2г. Поврзување на настанот со работни задачи кои сеуште не се внесени во системот. Се пристапува кон use-case Додели работна задача.
2д. Поврзуваање на настанот со постоечки состаноци или телефонски повици.
2ѓ. Поврзуваање на настанот со состаноци или телефонски повици кои сеуште не се внесени во системот. Се пристапува кон use-case Закажи состанок или Закажи телефонски повик.
2е. Нема потреба од поврзување на настанот со ниеден друг ентитет (пр. ТВ реклама).

Исклучоци

/

Екрани

Референци кон прозорци или web страници кои ќе бидат прикажувани при извршувањето на овој use-case.
Забелешка: Ќе се користи за референци кон прозорците на SugarCRM кои се соодветни на опишуваниот use-case.

Фреквенција

/

Note: See TracWiki for help on using the wiki.