wiki:DBModel

Version 80 (modified by Vangel Ajanovski, 11 years ago) ( diff )

Последен модел на базата

Најактуелен модел е *секогаш само во апликацискиот код* во пакетот entities.

Извадок од овој модел во вид на UML класен дијаграм.

DBModel:DB class diagram latest.png

Погледи

Декларирање на настава по курсеви

DB pogled na deklaracija na nastava.svg

Појаснувања за моделот

Вака се опишуваат предметите во базата и зависностите меѓу нив:

model zavisnosti.png

Исто така видете и зависности. Моментална листа зависности.

Препорачана алатка за пристап до базата

  • DBVisualizer за разгледување
  • PgAdmin за администрација

Верзии на моделот

Тука се опишани последните позначајни промени за секоја верзија, направени во DBDesignerFork и соодветниот убаво среден графички релациски дијаграм може да се симне од фолдерот DBModel од subversion.

Постои и WebDBModel веб приказ на моделот но тој не се ажурира редовно и е многу непрегледен, па како таков е единствено пригоден кога немате при рака DBDesignerFork.

Верзија 0.9.5 од базата на податоци

Верзија 0.9.4 од базата на податоци

Верзија 0.9.3 од базата на податоци

  1. Додавање на атрибути во Term
  2. Дополнување на коментарот на status во TermEnrollment

Верзија 0.9.2 од базата на податоци

Промени од претходната верзија 0.9.1 на базата на податоци:

  1. Додаден е атрибут int grade (оцена) во табелата course_enrollment
  2. Додадена е нова табела course_term_subject_curriculum_link што е m:m врска со term_subject_curriculum_link и course.
  3. Раскината е врската term_subject_curriculum_link→course

Сега course e силен ентитет.

Верзија 0.9.1 од базата на податоци

Промени од претходната верзија 0.9 на базата на податоци:

  1. Додадена табела (релација) term_subject_curriculum_link за да се има евиденција
    за конкретната реализација на предметот во curriculum_link за која аплицирал студентот
  2. Врската меѓу course и term_subject е избришана и заменета со врска меѓу term_subject_curriculum_link и course
  3. Додадена е табела term_type за да се знае типот на семестар, со соодветни атрибути code:Note , title:Title, title_en:Title, abstract:Note и note:Note
  4. Додадена е табела staff за m:m поврзување на person и institution, со атрибути from_date:Date и to_date:Date
  5. Додадена е табела role_type 1:m со staff, за да се знае типот на role во табелата staff, со соодветни атрибути code:Note , title:Title, title_en:Title, abstract:Note и note:Note
  6. Додаден е атрибут grade_allow:INT во табелата course_curriculum, во врска со дозвола за внес на оцени (има детален опис во моделот)
  7. Додадени атрибути enrollment_status:INT и note:Note во term_enrollment
  8. Додаден атрибут student_status:INT во табелата student
  9. Додадени атрибути from_date и to_date во табелата instructor
  10. Додадени атрибути url:VARCHAR и moodle:BOOL во табелата course
  11. Додадени атрибути term_year:VARCHAR, term_from:Date, term_to:Date и note:Note во табелата term
  12. Додадени атрибути enroll_deadline:Date и cancel_deadline:Date во табелата term_subject

Верзија 0.9 од базата на податоци

Се очекува да има релативно мали промени на овој модел додека да стане финална. Во оваа верзија е потребно преуредување на изгледот на базата.

Во однос на почетниот модел изработен од Огнен Ивановски и Костадин Бајалцалиев во оваа верзија се направени промени така што во секоја табела има едноставен клуч базиран на Аuto Increment. Главна причина за оваа промена е полесно работење во различни рамки за развој на апликации и поедноставување на изгледот на моделот и управувањето со асоцијациите меѓу ентитетите.

Attachments (13)

Note: See TracWiki for help on using the wiki.