Зависности
На оваа страна се опишани зависностите (curriculum_link_types) помеѓу предметите за даден наставен план (curriculums).
Зависност се смета за бинарна релација помеѓу два предмети П1 и П2 за даден наставен план.
Листата на предмети од кои еден предмет зависи се добива со директни и транзитивни зависности.
До сега се идентификувани 6 типови на зависности и тоа:
- Положено - П1 може да се слуша само доколку П2 е положен. Положен значи дека студентот има финална оцена по П2.
- Слушано - П1 може да се слуша само доколку П2 е ислушан. Ислушан значи дека студентот има потпис по П2.
- Паралелно слушање - П1 може да се слуша само доколку се слуша и П2.
- Избор (замена за изборен предмет) - П1 и изборен предмет. П2 е предмет кој се нуди како избор за П1. П2 треба да е реален предмет (види Директна зависност).
- Директна зависност (вистински предмет) - П1 и П2 се еден ист предмет. Мора да се работи за реален предмет кој може да се упише, а не на пример за изборен предмет.
- Еквивалентен предмет - П1 и П2 се предмети со иста содржина. Најчесто се работи за ист предмет, кој се нуди на различни насоки или наставни планови.
Last modified
15 years ago
Last modified on 01/19/10 19:57:40
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.