Version 15 (modified by 17 years ago) ( diff ) | ,
---|
Општо за системот за колоквиуми
Понекогаш распоредот за колоквиумска недела не е успешно направен и студентите се приморани да полагаат 4 или 5 колоквиуми во два дена. Сакаме систем во кој студентите ќе може да си ги распоредат колоквиумите онака како што им одговара, и онака како што ќе можат да постигнат најдобри резултати.
- пред секоја недела за пријавување колоквиуми потребна е една недела за договарање и внесување на термините за колоквиумите од страна на асистентите и професорите
- една недела е недела за пријавување на колоквиуми
Колоквиуми - закажување термини
Треба професорите да можат да закажат повеќе термини за полагање на еден колоквиум (најмалку три) земајќи во предвид слободни простории и слободни лаборатории.
Приоритет: 3/3
Време: 7 дена
Колоквиуми - избор термини
Студентот се логира на системот и избира кој термин од наведените најмногу му одговара.
Со тоа студентот сам го составува распоредот во колоквиумска недела. Со самиот избор на термин студентот си резервира место за истиот колоквиум, а ако не избере термин се смета дека тој нема да оди на колоквиум на тој предмет.
Приоритет: 3/3
Време: 7 дена
Колоквиуми - списоци на пријавени студенти
По завршетокот на неделата за пријавување се објавува конечна листа за сите термини и за сите колоквиуми.
Приоритет: 3/3
Време: 2 дена