wiki:KolokviumIzborTermini

Version 16 (modified by Vangel Ajanovski, 17 years ago) ( diff )

Општо за системот за колоквиуми

Понекогаш распоредот за колоквиумска недела не е успешно направен и студентите се приморани да полагаат 4 или 5 колоквиуми во два дена. Сакаме систем во кој студентите ќе може да си ги распоредат колоквиумите онака како што им одговара, и онака како што ќе можат да постигнат најдобри резултати.

  • пред секоја недела за пријавување колоквиуми потребна е една недела за договарање и внесување на термините за колоквиумите од страна на асистентите и професорите
  • една недела е недела за пријавување на колоквиуми

Колоквиуми - закажување термини

Треба професорите да можат да закажат повеќе термини за полагање на еден колоквиум (најмалку три) земајќи во предвид слободни простории и слободни лаборатории.

Приоритет: 3/3

Време: 7 дена

Колоквиуми - избор термини

Студентот се логира на системот и избира кој термин од наведените најмногу му одговара. Му се прикажани само оние предмети за кои има претходно направено пријава.

Со тоа студентот сам го составува распоредот во колоквиумска недела. Со самиот избор на термин студентот си резервира место за истиот колоквиум, а ако не избере термин се смета дека тој нема да оди на колоквиум на тој предмет.

Приоритет: 3/3

Време: 7 дена

Колоквиуми - списоци на пријавени студенти

По завршетокот на неделата за пријавување се објавува конечна листа за сите термини и за сите колоквиуми.

Приоритет: 3/3

Време: 2 дена

врати се назад

Note: See TracWiki for help on using the wiki.