Version 1 (modified by 6 years ago) ( diff ) | ,
---|
Use-Case Specification: Пополнување на анкета
1. Use-Case Name
Пополнување на анкета
1.1 Brief Description
Корисничко сценарио за пополнување на анкета во рамки на модулот за пополнување на анкетина SISng. Сценариото се одвива во случај кога испитаникот добива нотификација за непополнета анкета.
1.2 Actors
Испитаник – Лице кое пополнува анкети. Лицето може да биде професор, асистент, демонстратор, студент.
2. Flow of Events
2.1 Basic Flow
2.1.1 Модулот за анкети на почетната страница поставува нотификација дека постои непополнета анкета од соодветниот испитаник.
2.1.2 Испитаникот ја отвора страницата со тековни анкети за пополнување.
2.1.3 Модулот за анкети ги прикажува сите анкети во чијашто целна група спаѓа испитаникот, се активни и не им е поминат рокот за пополнување.
2.1.4 Испитаникот избира анкета со клик на нејзе
2.1.5 Модулот за анкети ги прикажува сите прашања заедно со полиња за одговори или понудени одговори за соодветната анкета.
2.1.6 Испитаникот ги одговара прашањата на анкетата со избор или пишување на одговор и ја одбира опцијата да ги зачува одговорите.
2.1.7 Модулот за анкети прикажува дијалог прозорец каде испитаникот може да потврди дека е сигурен дека сака да ги зачува одговорите на анкетата.
2.1.8 Испитаникот одбира да го потврди зачувувањето на одговорите.
2.1.9 Модулот за анкети проверува дали секое прашање е одговорено и ги зачувува одговорите, зачувува дека соодветниот испитаник ја пополнал соодветната анкета и прикажува нотификација дали одговорите се успешно зачувани.
2.2 Alternative Flows
2.2.1 Испитаникот нема повеќе пристап до соодветната анкета
Анкетата била деактивирана или/и биле променети ограничувањата (целна група) додека корисникот ја пополнувал, сценариото завршува тука.
2.2.2 Испитаникот не одговорил едно или повеќе прашања
- Модулот за анкети проверува дали секое прашање е одговорено и заклучува дека едно или повеќе прашања не се одговорени и го известува испитаникот дека не се одговорени сите прашања.
- Испитаникот ги одговара прашањата на анкетата со избор или пишување на одговор и ја одбира опцијата да ги зачува одговорите.
- Модулот за анкети прикажува дијалог прозорец каде испитаникот може да потврди дека е сигурен дека сака да ги зачува одговорите на анкетата.
- Испитаникот одбира да го потврди зачувувањето на одговорите.
- Модулот за анкети проверува дали секое прашање е одговорено и ги зачувува одговорите, зачувува дека соодветниот испитаник ја пополнал соодветната анкета и прикажува нотификација дали одговорите се успешно зачувани.
3. Special Requirements
Нема.
4. Preconditions
4.1 Автентикација, авторизација
Испитаникот задолжително треба да е логиран на системот.
4.2 Пристап до интернет
Испитаникот користи компјутер или мобилен уред со интернет конекција.
5. Postconditions
5.1 Резултати од анкети
Резултатите од анкети се променуваат зависно од одговорите на соодветниот испитаник.
6. Extension Points
Нема.