wiki:Zavisnosti

Version 8 (modified by Vangel Ajanovski, 15 years ago) ( diff )

Зависности

На оваа страна се опишани зависностите (curriculum_link_types) помеѓу предметите за даден наставен план (curriculums).

Зависност се смета за бинарна релација помеѓу два предмети П1 и П2 за даден наставен план.
До сега се идентификувани 6 типови на зависности и тоа:

  1. Положено - П1 може да се слуша само доколку П2 е положен. Положен значи дека студентот има финална оцена по П2.
  2. Слушано - П1 може да се слуша само доколку П2 е ислушан. Ислушан значи дека студентот има потпис по П2.
  3. Паралелно слушање - П1 може да се слуша само доколку се слуша и П2.
  4. Избор (замена за изборен предмет) - П1 и изборен предмет. П2 е предмет кој се нуди како избор за П1. П2 треба да е реален предмет (види Директна зависност).
  5. Директна зависност (вистински предмет) - П1 и П2 се еден ист предмет. Мора да се работи за реален предмет кој може да се упише, а не на пример за изборен предмет.
  6. Еквивалентен предмет - П1 и П2 се предмети со иста содржина. Најчесто се работи за ист предмет, кој се нуди на различни насоки или наставни планови.
Note: See TracWiki for help on using the wiki.