wiki:elektronskosledenje

Електронско следење настава

Општ опис

Електронското следење на настава би овозможило поголема флексибилност во учењето, бидејќи не секогаш студентот може да е физички присутен на наставата, а истиот има желба да ја следи. Овој вид на следење на наставата може да овозможи и повторно преслушување на одредено предавање по потреба од одреден студент или предавач. Исто така предност на овој вид настава е што може да се изврши архивирање на предадената настава па истата да биде достапна за повеќе генерации или за студенти од различна насока.

Избор на ресурси и нивно набавување

  • Ако ресурсите (камери, микрофони итн.), потребни за реализирање на овој систем не се на располагање потребно е да се направи план за тоа кои ресурси се потребни и од каде ќе се набаваат, имајќи го во предвит буџетот со кој располагаме. Значи првин треба да се одлучи кои ресурси се потребни, а потоа да се разгледаат различни понуди од различни фирми, а потоа истите да се набават.

Приоритет: 3/3 Време: 5 дена

Инсталирање на уреди

Да се инсталира потребниот хардвер и софтвер за реализирање на електронсото следење на настава.

Приоритет: 3/3 Време: 10 дена

Изработка на софтвер

Преглед на online предавања

Студентот да може да се логира на системот при што најпрвин ќе му бидат прикажани сите моментално активни предавања кои може да ги следи, и да може да избере предмет па да му бидат прикажани термините за предавања по соодветниот предмет. Исто студентот да има преглед на неделен распоред на предавања (кој е веќе направен).

Време: 7 дена.

Истакнување термини за online предавање

Предавачот да може да се логира на системот и да закаже термин на online предавање на веќе постоечкиот распоред на часови.

Време: 1 ден.

Следење на online предавања

За секое online предавање да се овозможи следење на предавањата само за оние студенти кои се запишани на тој предмет. Односно да се направи форма за логирање на студентот кога ќе избере предавање кое сака да го следи преку системот. Притоа да се контролира и доколку е регистриран за следење на тој предмет да му се дозволи следење на online предавањето, а доколку не е регистриран да не му се дозволи следење на предавањето.

Време: 10 дена

Архивирани предавање

да се изврши архивирање на предадената настава, па да се овозможи приказ на листа на сите досега остварени online предавања. Од таму студентот да може да си избере предавање (само за они предавања за кои бил регистриран за следење на online настава) и да може повторно да ја гледа снимката.

Време: 2 дена.

врати се назад

Last modified 17 years ago Last modified on 11/20/07 19:18:10
Note: See TracWiki for help on using the wiki.