| 1 | = Процес на развој = |
| 2 | |
| 3 | '''Креирање на база на податоци (Ticket #156)''' |
| 4 | |
| 5 | Креирањето на првичната верзија на базата на податоци беше врз основа на креираниот ер – дијаграм. Се започна со креирање на табелите кои се однесуваа на корисниците на системот (професори и студенти) и на курсевите. По воспоставување на овие релации, лесно беа креирани и останатите табели кои всушност се однесуваат на главната функционалност на системот, а тоа е креирање, закажување и одржување на онлајн консултации. По извршената ревизија и пополнување на табелите со тест податоци, ја добивме и конечната верзија на базата. |
| 6 | Оваа верзија на базата претрпе минимални измени во текот на различните верзии на проектот, измени кои се однесуваа главно на атрибутите на ентитетите или на типот на овие атрибути. |
| 7 | |
| 8 | '''Правење првичен прототип (Ticket #157)''' |
| 9 | |
| 10 | Првиот изработен прототип, односно првата презентирана верзија на системот ги содржеше некои од основните функционалности, функционалности кои сметавме дека се најбитни и од чие правилно имплементирање зависеше и реализацијата на главната функционалност на системот, а тоа е закажување и одржување на онлајн консултациите. |
| 11 | Оваа верзија содржење форми за креирање на нови корисници, креирање профил на професор и на студент, креирање на различни курсеви, креирање на различни улоги, како и запишување на студент на одреден курс и доделување на професор на курсот. Овие функционалности и форми беа потребни за да може после тоа да ги креираме формите за креирање консултации кои беа во релација со корисниците и курсевите. |
| 12 | Главно формите креирани во оваа верзија од проектот беа едноставни и содржеа полиња за внесување на потребните податоци или листи со понудени опции (како листа со предмети кои студентот ги има запишано или сака да ги запише) и со основните копчиња за потврдување и откажување. Во прилог се дадени како изгледаат овие форми. |
| 13 | |
| 14 | '''Правење втор прототип(Ticket #158)''' |
| 15 | |
| 16 | По завршување на функционалностите дефинирани со Ticket #157, беше направено исцрпно тестирање и ревизија на креираните форми и нивното функционирање. По корегирање на неколкуте грешки и некои дополнувања се започна со имплементирање на формите за форум и консултации. |
| 17 | Веќе имавме форми за управување со студенти, професори и курсеви и веќе ги имавме релациите на форумот и консултациите со овие табели во базата, па следно што направивме беше креирање на форми за креирање форум и секако за поставување прашања и одговори на истиот. По креирањето на овие форми, беа креирани и почетни едноставни верзии (со неколку атрибути) на закажување на консултациите и одржување на истите. |
| 18 | На крајот на овој таск имавме функционален прототип на проектот каде можеше професорот да закаже консултации, студентите да поставуваат прашања и професорот и/или студентите да одговараат на истите. |
| 19 | Забелешка: Првично беше дефинирано дека во оваа верзија ќе биде имплементирана анкета за избор на термин на консултации, но ова подоцна доби многу понизок приоритет во однос со функционалноста закажување и одржување на консултациите, па неговата имплементација беше оставена за понатамошните верзии на системот. |
| 20 | |
| 21 | '''Правење трет прототип (Ticket #159)''' |
| 22 | |
| 23 | Оваа фаза на проектот започна со веќе имплементира основни функционалности на системот, па главно се задржавме на дополнување на овои функционалности со детали и подобрување на изгледот на прототипот, и на навигацијата низ системтот. |
| 24 | Во оваа фаза најмногу се задржавме на имплементирање на сите дефинирани функционалности поврзани со закажување, откажување и одржување на консултациите. Не само што сите овие функционалности беа успешно имплементирани во новиот инкремент, туку ги имплементиравме и опциите за давање анонимна оцена на одговор на поставено прашање на консултациите, како и формирана средна оцена за секој оценет одговор видлива за сите учесници на консултациите. |
| 25 | На крајот имавме систем каде професорите можеа да закажат, презакажат и откажат консултации, каде консултациите можеа да се одржат во закажаниот термин. Студентите и/или професорите кои имаа пристап до консултациите можеа да поставуваат прашања и одговори, а можеа и овие одговори да ги оценат. |
| 26 | |
| 27 | '''Ревизија на прототипот и планирање на идни верзии (Ticket #160)''' |
| 28 | |
| 29 | По извршената презентација на последната верзија на проектот беше одлучено да се додадат како функционалност и проватни консултации. Овој тикет се однесува главно на имплементирање на оваа опција во системот. |
| 30 | За да бидат реализирани приватните консултации беа потребни мали измени како во базата на податоци, така и во формите за креирање на консултации. Дополнително беа додадени и форми за креирање и одржување на приватните консултации. |
| 31 | Последната верзија на системот ја подржува и оваа опција за закажување и одржување на приватни консултации. |
| 32 | |
| 33 | |
| 34 | |
| 35 | |