wiki:onlineConsultations/tim

Краток опис:

Системот е наменет за образовните институции. Конкретно, се изработува како подсистем на on-line системот на факултетот ФИНКИ, за овозможување на on-line консултации помеѓу предавачите и студентите. Корисници на системот ќе бидат студенти, професори, асистенти, демонстратори кои се приклучени кон одреден курс на системот.

Форумите кои се составен дел од секој курс, како и форумите кои можат да постојат независно од курсевите се еден вид на консултации, во смисла дека студентите јавно може да комуницираат како меѓусебе така и со професорите. Системот е достапен 24/7 и може да се користи за поставување на прашања на професорите, добивање одговори и поставување најразлични соопштенија.

Причината за развој на овој систем е поедноставувањето на комуникацијата помеѓу студентите и предавачите, избегнувањето непотребно чекање за консултации, заштедувањето време и взаемни и колективни придобивки на пример со групните on-line консултации, јавните форуми за сите студенти кои слушаат одреден курс итн.

Тим:

Развивачи на системот се сите оние кои ќе бидат вклучени во неговиот развој. Тие ќе бидат одговорни за успешно завршување на системот во предвидениот рок.

Одговорности: Дизајнирање, кодирање и тестирање на системот.

Критериум за успешност: Успешно завршување на системот во предвидениот рок.

Нашиот тим се состои од тројца членови:

Верица Мазганска
Ирена Јолакоска
Ивана Арсова

Last modified 11 years ago Last modified on 06/13/14 15:26:38
Note: See TracWiki for help on using the wiki.