| 1 | == Краток опис: == |
| 2 | |
| 3 | Системот е наменет за образовните институции. Конкретно, се изработува како подсистем на on-line системот на факултетот ФИНКИ, за овозможување на on-line консултации помеѓу предавачите и студентите. Корисници на системот ќе бидат студенти, професори, асистенти, демонстратори кои се приклучени кон одреден курс на системот. |
| 4 | |
| 5 | Форумите кои се составен дел од секој курс, како и форумите кои можат да постојат независно од курсевите се еден вид на консултации, во смисла дека студентите јавно може да комуницираат како меѓусебе така и со професорите. Системот е достапен 24/7 и може да се користи за поставување на прашања на професорите, добивање одговори и поставување најразлични соопштенија. |
| 6 | |
| 7 | Причината за развој на овој систем е поедноставувањето на комуникацијата помеѓу студентите и предавачите, избегнувањето непотребно чекање за консултации, заштедувањето време и взаемни и колективни придобивки на пример со групните on-line консултации, јавните форуми за сите студенти кои слушаат одреден курс итн. |
| 8 | |