wiki:Vision

Визија

1.Вовед

Модерните дигитални професии уште познати и како дигитални занаети се од голем интерес во денешно време. Овие професии им овозможуваат на луѓето да бидат креативни, да создаваат нови нешта и да решаваат реални проблеми.

Од друга страна компаниите кои бараат луѓе кои работат ваков вид на професија, многу често се строги во избирањето на нови вработени и имаат долг процес на вработување. Токму овој проблем беше инспирација за создавање на една апликација на која луѓето ќе можат да соработуваат со индивидуи и компании на многу лесен и брз начин.

На SkillHub секој човек кој има квалитетни вештини и вредно работи има можност да го покаже тоа така што ќе аплицира на понудените огласи, објавени од страна на индивидуи или компании.

2.Позиционирање

2.1.Дефиниција на проблем

Проблемот наДолгиот и макотрпен процес на наоѓање на работа
Ги засегаСите дигитални занаетчии како:програмери, графички дизајнери, текстописци, преведувачи, маркетери, итн...
Последици од проблемотСпособни и вешти луѓе остануваат без работа а трошат огромна количина на време за да стекнат знаење и вештини
Успешно решение би билоВеб апликација која ќе им овозможи на дигиталните занаетчии брзо и лесно да склучат соработка со клиенти

2.2.Позиција на пазарот

За група кориснициСите граѓани над 16 години
КоиштоСакаат да работат дигитален занает
SkillHubЕ freelance веб апликација
Која овозможуваЕдноставно аплицираење на огласи за работа или проект
За разлика одСтандарниот долг процес на вработување
Нашиот продуктНуди можност за работа од било каде и било кога со апсолутна слобода на фриленсерот за менаџирање на неговата работа

3. Опис на засегнати страни

3.1.Преглед

ИмеОписОдговорност
ФриленсерЛице кое бара работаМоже да аплицира на работни огласи
РаботодавачЛице кое објавува огласи за работаМоже да регрутира апликанти, да објавува огласи, да брише огласи и да ги менува
Развивачи на аплкацијатаЛица кои ја развиваат апликацијата и ги решаваат техничките проблемиДа го решат секој проблем пријавен за апликацијата

3.2. Корисничка околина

Со цел користење на апликацијата потребно е сите корисници да поседуваат некаков електронски уред (компјутер, телефон, таблет итн...) и да ја побараат апликацијата во веб-прелистувач. Кога ќе пристапат до апликацијата на почетната страна ќе можат да добијат информации во врска со апликацијата, како таа функционира и како да се регистрираат.

Доколку одлучат да се регистрираат тоа ќе можат да го направат со внесување на неколку податоци. При регистрација важно е корисникот да избере дали сака да биде регистриран како фриленсер или како работодавач.

4. Преглед на производот

4.1. Потреби и карактеристики

Потреби Приоритет Карактеристика
Регистрација и валидација на корисникзадолжителноРегистрација на нов корисник со внесување на податоци
Најава на корисникзадолжителноНајава на корисник со корисничко име и лозинка
Зачувување на кориснички информации во базазадолжителноСите информации за корисникот ќе бидат зачувани во база на податоци
Приказ на објавени огласи (клиент)задолжителноПриказ на објавените огласи од страна на клиентот
Приказ на достапни огласи за аплицирање (freelancer)задолжителноПриказ на сите достапни огласи за freelancer-от
Аплицирање на огласзадолжителноАплицирање со пополнување на краток формулар
Објавување, менување и бришење на огласзадолжителноСистемот му овозможува на клиентот да ги изврши основните операции
Оценување на колегазадолжителноОценување на своите колеги по завршување на работата
Додавање на пари на профил (клиент)нема да се реализираСистемот нема да овозможи додавање пари на профил на клиентот
Повлекување на пари од профил (freelancer)нема да се реализираСистемот нема да овозможи повлекување пари од профил на freelancer-от
Префрлање на пари од страна на клиентот на freelancer-отнема да се реализираСистемот нема да овозможи префрлање пари од страна на клиентот кон freelancer-от

5. Други барања

БарањеПриоритет
Корисникот мора да има електронски уред за пристап до апликацијатаЗадолжително
Корисникот мора да има интернетЗадолжително
Корисникот мора да има над 16 годиниЗадолжително

Last modified 5 weeks ago Last modified on 04/17/24 18:28:02
Note: See TracWiki for help on using the wiki.