Version 16 (modified by 10 months ago) ( diff ) | ,
---|
Визија
1.Вовед
Модерните дигитални професии уште познати и како дигитални занаети се од голем интерес во денешно време. Овие професии им овозможуваат на луѓето да бидат креативни, да создаваат нови нешта и да решаваат реални проблеми.
Од друга страна компаниите кои бараат луѓе кои работат ваков вид на професија, многу често се строги во избирањето на нови вработени и имаат долг процес на вработување. Токму овој проблем беше инспирација за создавање на една апликација на која луѓето ќе можат да соработуваат со индивидуи и компании на многу лесен и брз начин.
На SkillHub секој човек кој има квалитетни вештини и вредно работи има можност да го покаже тоа така што ќе аплицира на понудените огласи, објавени од страна на индивидуи или компании.
2.Позиционирање
2.1.Дефиниција на проблем
Проблемот на | Долгиот и макотрпен процес на наоѓање на работа |
---|---|
Ги засега | Сите дигитални занаетчии како:програмери, графички дизајнери, текстописци, преведувачи, маркетери, итн... |
Последици од проблемот | Способни и вешти луѓе остануваат без работа а трошат огромна количина на време за да стекнат знаење и вештини |
Успешно решение би било | Веб апликација која ќе им овозможи на дигиталните занаетчии брзо и лесно да склучат соработка со клиенти |
2.2.Позиција на пазарот
За група корисници | Сите полнолетни граѓани |
---|---|
Коишто | Сакаат да работат дигитален занает |
SkillHub | Е фриленс веб апликација |
Која овозможува | Едноставно аплицираење на огласи за работа или проект |
За разлика од | Стандарниот долг процес на вработување |
Нашиот продукт | Нуди можност за работа од било каде и било кога со апсолутна слобода на фриленсерот за менаџирање на неговата работа |