wiki:Vision

Version 19 (modified by 221134, 2 months ago) ( diff )

--

Визија

1.Вовед

Модерните дигитални професии уште познати и како дигитални занаети се од голем интерес во денешно време. Овие професии им овозможуваат на луѓето да бидат креативни, да создаваат нови нешта и да решаваат реални проблеми.

Од друга страна компаниите кои бараат луѓе кои работат ваков вид на професија, многу често се строги во избирањето на нови вработени и имаат долг процес на вработување. Токму овој проблем беше инспирација за создавање на една апликација на која луѓето ќе можат да соработуваат со индивидуи и компании на многу лесен и брз начин.

На SkillHub секој човек кој има квалитетни вештини и вредно работи има можност да го покаже тоа така што ќе аплицира на понудените огласи, објавени од страна на индивидуи или компании.

2.Позиционирање

2.1.Дефиниција на проблем

Проблемот наДолгиот и макотрпен процес на наоѓање на работа
Ги засегаСите дигитални занаетчии како:програмери, графички дизајнери, текстописци, преведувачи, маркетери, итн...
Последици од проблемотСпособни и вешти луѓе остануваат без работа а трошат огромна количина на време за да стекнат знаење и вештини
Успешно решение би билоВеб апликација која ќе им овозможи на дигиталните занаетчии брзо и лесно да склучат соработка со клиенти

2.2.Позиција на пазарот

За група кориснициСите граѓани над 16 години
КоиштоСакаат да работат дигитален занает
SkillHubЕ фриленс веб апликација
Која овозможуваЕдноставно аплицираење на огласи за работа или проект
За разлика одСтандарниот долг процес на вработување
Нашиот продуктНуди можност за работа од било каде и било кога со апсолутна слобода на фриленсерот за менаџирање на неговата работа

3. Опис на засегнати страни

3.1.Преглед

ИмеОписОдговорност
ФриленсерЛице кое бара работа Може да аплицира на работни огласи
Работодавач Лице кое објавува огласи за работа Може да регрутира апликанти, да објавува огласи, да брише огласи и да ги менува
Развивачи на аплкацијата Лица кои ја развиваат апликацијата и ги решаваат техничките проблеми Да го решат секој проблем пријавен за апликацијата

Note: See TracWiki for help on using the wiki.