wiki:Vision

Version 32 (modified by 221134, 7 weeks ago) ( diff )

--

Визија

1.Вовед

Модерните дигитални професии уште познати и како дигитални занаети се од голем интерес во денешно време. Овие професии им овозможуваат на луѓето да бидат креативни, да создаваат нови нешта и да решаваат реални проблеми.

Од друга страна компаниите кои бараат луѓе кои работат ваков вид на професија, многу често се строги во избирањето на нови вработени и имаат долг процес на вработување. Токму овој проблем беше инспирација за создавање на една апликација на која луѓето ќе можат да соработуваат со индивидуи и компании на многу лесен и брз начин.

На SkillHub секој човек кој има квалитетни вештини и вредно работи има можност да го покаже тоа така што ќе аплицира на понудените огласи, објавени од страна на индивидуи или компании.

2.Позиционирање

2.1.Дефиниција на проблем

Проблемот наДолгиот и макотрпен процес на наоѓање на работа
Ги засегаСите дигитални занаетчии како:програмери, графички дизајнери, текстописци, преведувачи, маркетери, итн...
Последици од проблемотСпособни и вешти луѓе остануваат без работа а трошат огромна количина на време за да стекнат знаење и вештини
Успешно решение би билоВеб апликација која ќе им овозможи на дигиталните занаетчии брзо и лесно да склучат соработка со клиенти

2.2.Позиција на пазарот

За група кориснициСите граѓани над 16 години
КоиштоСакаат да работат дигитален занает
SkillHubЕ фриленс веб апликација
Која овозможуваЕдноставно аплицираење на огласи за работа или проект
За разлика одСтандарниот долг процес на вработување
Нашиот продуктНуди можност за работа од било каде и било кога со апсолутна слобода на фриленсерот за менаџирање на неговата работа

3. Опис на засегнати страни

3.1.Преглед

ИмеОписОдговорност
ФриленсерЛице кое бара работаМоже да аплицира на работни огласи
РаботодавачЛице кое објавува огласи за работаМоже да регрутира апликанти, да објавува огласи, да брише огласи и да ги менува
Развивачи на аплкацијатаЛица кои ја развиваат апликацијата и ги решаваат техничките проблемиДа го решат секој проблем пријавен за апликацијата

3.2. Корисничка околина

Со цел користење на апликацијата потребно е сите корисници да поседуваат некаков електронски уред (компјутер, телефон, таблет итн...) и да ја побараат апликацијата во веб-прелистувач. Кога ќе пристапат до апликацијата на почетната страна ќе можат да добијат информации во врска со апликацијата, како таа функционира и како да се регистрираат.

Доколку одлучат да се регистрираат тоа ќе можат да го направат со внесување на неколку податоци. При регистрација важно е корисникот да избере дали сака да биде регистриран како фриленсер или како работодавач.

4. Преглед на производот

4.1. Потреби и карактеристики

Потреби Приоритет Карактеристика
Регистрација и валидација на корисникзадолжително
Најава на корисникзадолжително
Зачувување на кориснички информации во базазадолжително
Приказ на објавени огласи (клиент)задолжително
Приказ на достапни огласи за аплицирање (freelancer)задолжително
Аплицирање на огласзадолжителноПополнување на краток формулар
Објавување, менување и бришење на огласзадолжително
Оценување на колегазадолжително
Додавање на пари на профил (клиент)нема да се реализира
Повлекување на пари од профил (freelancer)нема да се реализира
Префрлување на пари од страна на клиентот на freelancer-отнема да се реализира

5. Други барања

БарањеПриоритет
Корисникот мора да има електронски уред за пристап до апликацијатаЗадолжително
Корисникот мора да има интернетЗадолжително
Корисникот мора да има над 16 годиниЗадолжително

Note: See TracWiki for help on using the wiki.