Позиционирање
2.1 Бизнис можности
Непостоење на целосен и ефикасен информациски систем преку кои би можеле да се решат следните проблеми:
- Недостаток на соодветен персонал
- Несоодветна распределба на вработените според нивните таленти
- Недоволна информираност за постоечки кариери
- Неефикасност на самата компанија заради претходните наведени проблеми
2.2 Изјава за проблемот
Проблемот е | Неуспешно и тешко вработување на потребен персонал, не-ефикасно работење на компанијата заради недостаток на соодветен персонал и недоволна информираност за кои позиции постојат
|
---|
Влијае на | Оддел за човечки ресурси, менаџери од повисоки оддели
|
---|
Ефектот претставува | Тешко пронаоѓање на правилниот персонал за одредени задачи и работи и/или работни места
|
---|
Успешно решение би било | Креирање на систем кој овозможува следење и вработување на човечки ресурси поточно на нивните досегашни кариери и таленти
|
---|
2.3 Изјава за позицијата на продуктот
За | За вработените во одделот за човечки ресурси, менаџери и кандидати за нови работни места
|
---|
Кои | Имаат потреба од полесно пронаоѓање на потребните личности со бараните таленти и кариери за интерните потреби на самата компанија
|
---|
Продуктот е | Информациски систем за следење на кариери и таленти за компании за изнајмување, купување и продавање на авиони
|
---|
Што | Овозможува лесно пронаоѓање на потребните личности со бараните таленти за успешна и ефикасна работа на компанијата
|
---|
За разлика од | Пример TrackStar, којшто овозможува внесување на претходни вработувања и внесување на препораки за нивните работни способности од страна на менаџерите
|
---|
Нашиот продукт | Ќе овозможува следење на кариерите, преку посебни алгоритми ќе се вршат анализи за потребните луѓе за одредени функции во една компанија и/или работни места, дополнително внесување на препораки од менаџерите
|
---|