Заинтересираните страни и кориснички опис
Со напредок на технологијата, имаме можност за брзо и ефикасно решавање на повеќето од проблемите, како во нашиот случај наоѓање на соодветен професионал за успешно работење на некоја голема и реномирана компанија. Како што спомнавме нашиот систем управува со работните места и постоечките кариери, па затоа тој ќе биде користен од менаџери за добивање информации,од одделот за човечки ресурси, кој ќе внесува информации во системот и апликанти кои ќе ги внесуваат своите биографии кога ќе аплицираат за работа. Затоа што системот ќе биде web апликација, потребен ни е персонал од ИТ секторот како систем инженери,развоен тим и администратор.
Финансискиот дел ќе биде покриен од постоечката компанија AerCap.
3.1 Демографија на пазарот
Поради големата конкуренција кај авио компаниите, цените за летовите постојано паѓаат, па се поголем процент од популацијата во светот може да си овозможи брз транспорт до одредено место со користење на авиони. Тоа значи поголем пазар за авио компаниите, а со тоа и за компанија која се занимава со продажба, купување и изнајмување на авиони. За успешно функционирање на оваа голема компанија, која не се состои само од една или две професии, потребен е систем кој што ќе ги следи постоечките кариери од оваа област и оние кариери кои ќе овозможат на поефикасен начин да функционира самата компанија. Од тие причини ние се одлучивме за ваков систем.
Ние сме нова организација од овој дел на пазарот, па според тоа треба да ги докажеме нашите способности. Воедно сакаме да стекнеме добра репутација на една реномирана организација која ќе нуди корисни решенија. Со овој продукт планираме да го постигнеме тоа и да се искачиме на повисоко ниво, а понатаму да изработуваме и многу други проекти, со што ќе станеме барани и препознатливи ширум светот.
3.2 Резиме на заинтересираните страни
Name | Represents | Role
|
---|
Систем администратор | Ќе го надгледува системот | Одржување на системот
|
АеrCap | Финансиската страна на проектот | Корисник на информацискиот систем
|
Систем инженери | Избирачи на платформа за вклопување на системот со компанијата |
|
Развоен тим | Развивачи на системот, од кои директно ќе зависи квалитетот на системот | Целосна изградба на системот и негово тестирање во предвидениот рок
|
Менаџери | Најзасегнати корисници на системот | Ќе влечат и внесуваат информации од системот
|
Оддел за човечки ресурси | Корисници на системот | Внесување информации за постоечките професии
|
Апликанти | Корисници на системот за аплицирање за работа | Внесуваат свои биографии при аплицирање за одредено работно место во компанијата
|
3.3 Корисничко резиме
Name | Description | Stakeholder
|
---|
Менаџери | Ќе бараат потребен персонал за извршување на одредена задача или за вработување | Менаџери
|
Оддел за човечки ресурси | Ќе ја надоградува базата со податоци со информации за постоечките професии | Оддел за човечки ресурси
|
AerCap – ИТ оддел | Ќе го одржуваат системот | Систем инженери, систем администратори
|
Апликанти | Аплицираат за некое работно место | Апликанти
|
Корисници | Се логираат на системот | Менаџери, оддел за човечки ресурси, систем администратор
|
Нотификанти | Испраќаат или примаат е-mail нотификации | Менаџери, оддел за човечки ресурси, апликанти
|
3.4 Околина на корисникот
Луѓето кои имаат пристап за користење на системот се менаџерот на фирмата, вработените во оделот за човечки ресурси и за време на одредени временски периоди, луѓето кои аплицираат за можност за вработување во фирмата. Бројот на луѓе кои го користат системот се менува во зависнот дали фирмата бара вработени или не.
Секоја активност трае од неколку минути до неколку саати (очекувањата се 4-5 часа најмногу).
Системот ќе може да се користи од било кој уред кој е поврзан со интернет конекција.
Системите кои веќе се во употреба во текот на наредниот временски период ќе се прилагодуваат кон ново креираниот систем и евентуално ќе се спојат во еден заеднички систем.
3.5 Профили на заинтересираните страни
3.5.1 <Менаџери>
Representative | Трајанка Ристова
|
---|
Description | Менаџерот дава нформации за тоа кои функции треба да ги има системот и колку добро тие му помагаат во извшувањето на неговата работа и како еден од главните корисници на системот најважно е да бидат здоволени неговите потреби.
|
---|
Type | /
|
---|
Responsibilities | Да следи како се одвива развојот на системот и дали се одвива во вистинскиот правец и да дава насоки и критики.
|
---|
Success Criteria | Успешен развој на системот и системот ги задоволува потребите на менаџерот.
|
---|
Involvement | Постојана комуникаци за добивање информации за функционалноста на системот. Дава оценка на системот
|
---|
Deliverables | /
|
---|
Comments / Issues | /
|
---|
3.5.2 <Оддел за човечки ресурси>
Representative | Игор Хаци-Котаров
|
---|
Description | Одделот за човечки ресурси како еден од главните корисници на системот важно е да ги имаат сите функционалности кои им се потребни, исто така се консултираат за тоа колку лесно се користи системот затоа што тие најмногу го користат.
|
---|
Type | /
|
---|
Responsibilities | Да следат како се одвива развојот на системот и дали се одвива во вистинскиот правец и да даваат насоки и критики и доставуваат формати на документи потребни во процесот на вработување.
|
---|
Success Criteria | Успешен развој на системот и системот ги задоволува потребите на одделот за човечки ресурси.
|
---|
Involvement | Комуникацијасо развојниот тим за тимот да може да ги дефинира функционалностите на системот.
|
---|
Deliverables | Оглас за вработување. Апликација за нови вработени. Листа со вештините кои постојат во компанијата.
|
---|
Comments / Issues | /
|
---|
3.5.3 <Апликанти>
Representative | Зорица Јанева
|
---|
Description | Апликантите ќе обезбедат информации за тоа како ќе биде уреден делот за апликации на објавени огласи, поконкретно колку информации ќе добиваат за тоа до каде е процесот на избор на кандидат.
|
---|
Type | /
|
---|
Responsibilities | Помагаат при дефинирањето на спецификациите за делот за аплицирање и оценување на тоа колку ги задоволува потребите.
|
---|
Success Criteria | Делот за аплицирање од системот ќе им се допаѓа и ќе им биде лесен за користење на поголемиот дел од апликантите.
|
---|
Involvement | Спецификација на барања за делот за аплицирање. Тестирање на делот за аплицирање.
|
---|
Deliverables | /
|
---|
Comments / Issues | /
|
---|
3.5.4 <Систем администратор>
Representative | Дончо Зафировски
|
---|
Description | Систем администраторот ќе има посебен модул на системот за кој ќе треба да достави податоци како истиот очекува да функционира.
|
---|
Type | /
|
---|
Responsibilities | Комуникација со развојниот тим. Тестирање на системот.
|
---|
Success Criteria | Успешно работење на системот, исполнети потребите на систем администраторот.
|
---|
Involvement | Го тестира системот и помага при специфицирање на апликацијата.
|
---|
Deliverables | /
|
---|
Comments / Issues | /
|
---|
3.5.5 <Систем инженери>
Representative | Васко Лазаров
|
---|
Description | Систем инженерите ќе имаат работа да го проучуваат системот постојано за да може да се вклопат во работата за градење на надградби на самиот. Интеграција на новиот систем со веќе постоечкиот доколку постои.
|
---|
Type | /
|
---|
Responsibilities | Изградба на нови надградби и поправки на дефекти во системот. Постојана интеграција и мигрирање на податоците и функционалностите од стариот систем на новиот (секако доколку постои).
|
---|
Success Criteria | Успешни изведени инсталации на надградби и успешно поправени дефекти. Успешна и комплетна миграција од стариот систем на нов.
|
---|
Involvement | Тестирање,спецификација и интегрирање на системот со постоечкиот.
|
---|
Deliverables | /
|
---|
Comments / Issues | /
|
---|
3.5.6 <Развоен тим>
Representative | Мартин Блажевски
|
---|
Description | Во развојниот тим припаѓаат оние членови кои ќе бидат задолжени за подготвување на документација и анализи за системот кој ќе се гради, изведување на негов дизајн потоа и негова имплементација, се тоа во рамки на договорениот краен рок.
|
---|
Type | /
|
---|
Responsibilities | Подготвување на документација и анализи, дизајнирање и имплементирање на системот, негово одржување.
|
---|
Success Criteria | Успешна имплементација на системот во рамките на договорениот краен рок. Успешни поправки на пронајдени дефекти.
|
---|
Involvement | Целосна изработка на системот со користење на добиените информации од команијата.
|
---|
Deliverables | Готов функционален систем
|
---|
Comments / Issues | /
|
---|
Representative | Весна Костовска
|
---|
Description | Одговорната институција AerCap Holdings претставува одговорната институција која што ќе го финансира процесот на изградба на овој систем и потоа ќе го користи за свои цели.
|
---|
Type | /
|
---|
Responsibilities | Финансирање на системот од страна на AerCap
|
---|
Success Criteria | Зголемена продуктивност на целата компанија и поефективно работење
|
---|
Involvement | Надгледување на работата и напредокот на развојнио тим
|
---|
Deliverables = | Финансиски средства
|
---|
Comments | /
|
---|
Issues | /
|
---|
3.6 Кориснички профили
3.6.1 <Менаџери>
Representative | Трајанка Ристова
|
---|
Description | Менаџерите ќе имаат увид во оценките и ќе можат да ги следат кариерите и талентите на своите вработени поточно вработените во својот оддел и доколку сакаат да вработат нов вработен контактира со одделот за човечки ресурси.
|
---|
Може да пребарува вработени според внесени критериуми.
Type | /
|
---|
Responsibilities | Дава оценки за вработените и се грижи за успешно функционирање на својот оддел и е вклучен во процесот на одбирање на нови вработени.
|
---|
Success Criteria | Успешно следење на кариерите и талентите и поголема ефикасност на компанијата со помош на претходните податоци и извори.
|
---|
Involvement | Бара вработени, дава оценки на вработени и вработува/отпушта вработени
|
---|
Deliverables | /
|
---|
Comments / Issues | Недостапност на системот, не-синхронизирани и неконзистентни податоци за кариерите и талентите на вработените (неуспешна комуникација оддел за човекови ресурси – менаџер)
|
---|
3.6.2 <Оддел за човечки ресурси>
Representative | Игор Хаци-Котаров
|
---|
Description | Одделот за човечки ресурси ќе раководи со персоналот, да вршат прегледи на титули, преместување на персонал од еден оддел во друг и внесување на податоци за нов вработен и историја на било кој друг вработен
|
---|
Type | /
|
---|
Responsibilities | Човечки ресурси правилно да раководат со персоналот и со сите дополнителни пропратни документи на персоналот. Да внимаваат на процесот на задачите кои им се зададени како што е истражување на титулите во фирмата и нивните минимални и максимални плати и нивно преместување и да се во привремена комуникација со менаџерите преку кои ќе можат да ги ажурираат податоците за кариерите и талентите на вработените.
|
---|
Success Criteria | Успешно следење на кариерите и талентите и поголема ефикасност на компанијата со помош на претходните податоци и извори.
|
---|
Involvement | Внесува информации за вработени, распишува конкурс и прегледува апликации
|
---|
Deliverables | /
|
---|
Comments | /
|
---|
Issues | Недостапност на системот, не-синхронизирани и неконзистентни податоци за кариерите и талентите на вработените (неуспешна комуникација оддел за човекови ресурси – менаџер)
|
---|
3.6.3 <Апликанти>
Representative | Зорица Јанева
|
---|
Description | Апликантите ќе можат да доставуваат потребните документи како CV и мотивациони писма и останати документи директно во системот.
|
---|
Type | /
|
---|
Responsibilities | Внесува лични биографии и податоци во системот доколку е заинтересиран за некое отворено работно место
|
---|
Success Criteria | Подобрување на процесот на избирање кандидат за вработување
|
---|
Involvement | Внесува лични податоци и биографии
|
---|
Deliverables | /
|
---|
Comments | /
|
---|
Issues | Недостапност на системот, не-синхронизирани и неконзистентни податоци
|
---|