wiki:About

За: Tech Harbor

Членови на тимот:

Име и презиме Индекс
Никола Тодороски (координатор) 201171
Петар Велевски 201214
Михаил Рибароски 201133

Краток опис:

Нашиот тим ќе се залага да развие посовремена веб апликација која им овозможува на корисниците да купуваат производи онлајн кои ќе им бидат доставени до нивната адреса. Онлајн апликацијата ќе обезбеди детален преглед на производите, кои ќе бидат категоризирани за да се поедностави процесот на пребарување.

При влез на апликацијата, корисниците со постоечка корисничка сметка ќе можат лесно да се најават и да пристапат до сите функционалности, за новите корисници, апликацијата овозможува брза и едноставна регистрација, со што ќе биде овозможено купување на производите и нивна достава.

Важно е да се нагласи кај нашата веб апликација корисниците не се задолжени да се најават на страната за да ги разгледуваат производите кои се достапни. Лесно е да се користи апликацијата како гостин, но со овој начин корисниците немаат можност да ги купуваат производите. Оваа функционалност дава слобода на корисниците да ја тестираат апликацијата пред да се одлучат за креирање на сопствена сметка која овозможува користење на сите напредни функционалности што апликацијата нуди.

Детален опис на проектот:

  • За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби

Базата на податоци и проектот се наменети за сите корисници кои сакаат да пазарат онлајн, нашиот проект е поврзан со купување на компјутерски делови и нивна достава овозможени од страна на веб апликацијата која овозможува лесно пребарување на категоризираните производи со дизајн кој е интуитивен. Одговрони за базата на податоци, нејзино одржување и менаџирање ќе биде тимот кој го започнува проектот.

  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?

Проектот се стреми да го реши проблемот со неточните информации кои се прикажани на производите, лошата категоризација како и прекомплексниот дизајн на онлајн продавниците кои се понудени од конкуренцијата. Дополнителната заработка која може да ја оствариме е со рекламирање на одредени производи при склучено партнерство со производителите на тие производи.

  • Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Нашата апликација ќе има повеќе типови на корисници:

  1. Администратор - Лице задолжено за одржување на системот, како и негово унапредување.
  2. Магационер - Лице одговорно за управување со залихите. Неговата главна улога е соодвето да менаџаира со залихите, да нарачува делови доколку е потребно, да ги спрема нарачките за достава и да ги ажурира количините.
  3. Доставувач - Лице одговорно за достава на нарачките до купувачот. Неговата главна улога е навремена и точна достава како и управување со статусот на доставата.
  4. Купувач - Корисник на апликацијата, лице кое има цел да пребарува и купува производи.

Останати типови на корисници може да бидат додадени при потреба.

  • Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?

Нашата апликација ќе се разликува од другите со тоа што ќе биде интуитивна за користење така што на корисниците ќе им бидат претставени производи кои се категоризирани, производите ќе бидат детално прикажани и апликацијата ќе биде одржувана редовно со цел да се избегне дезинформацијата на производите.

  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Апликацијата ќе биде веб базирана.

Last modified 6 months ago Last modified on 11/10/23 17:35:46
Note: See TracWiki for help on using the wiki.