wiki:UseCasePrototypeImplementation

Прототип имплементација на случаите на употреба

Случаи на употреба на регистриран корисник

Преглед на распоред со термини - ИД 2

Со клик врз некој ден од календарот, се прикажуваат термините кои се водат за слободни од аминистраторот

Закажување термин - ИД 3

Клик врз терминот(часот) во текот на конкретен ден, избор на купон(опционално) и оставање забелешка за администраторот се чекорите кои ги извршува корисникот, за да може да закаже термин

Преглед на кориснички термини и откажување термин- ИД 3

На оваа страна корисникот може да добие увид кон термините кои се предложени(сеуште непотврдени за закажани од аминистраторот), закажани(предложени од корисникот и прифатени за закажани од аминистраторот) и одржани. Со клик врз копчето откажи корисникот може да откаже термин кој е предложен или закажан.

Преглед на корисничка сметка - ИД 4

Корисникот има преглед кон личните податоци кои ги оставил при креирање корисничка сметка и притоа само администраторот може да ги измени овие податоци поради сензитивноста и важноста на истите. Постои можност, корисникот да направи преглед на термините кои не се одржани, како и причината за неодржувањето на терминот.

Преглед на информативни содржини и купони - ИД 1

Случаи на употреба на администратор

Менување на работен распоред - ИД 7

Со клик врз ден од календарот, се прикажуваат сите термини

Со клик врз терминот доколку не е резервиран, се прикажуваат сите предлози на корисниците за терминот, како и опција за внес на корисник и потврда за резервација на терминот за внесениот корисник

Со клик врз терминот доколку е резервиран, се прикажува корисникот за кој е резервиран терминот и две опции-со клик на копчето "Потврди" се потврдува терминот како одржан и администраторот може да остави коментар за терминот и "Бриши" со кое се брише закажаниот термин

Менување понуди и содржини - ИД 8

На ист начин функционира додавањето на купон и додавањето на некоја новост

Увид во кориснички сметки и менаџирање - ИД 10

На оваа страница може да добиеме увид во сите активни, блокирани корисници, како и да пребаруваме корисници според одредени параметри. Со клик на копчето за преглед може да добиеме детален увид во корисничката сметка

Менаџирање со корисничка сметка - ИД 11

На оваа страница може да менуваме податоци за корисникот, да блокираме/активираме корисничка сметка како и да добиеме детален увид во состојбата со термините на корисникот. Од паѓачко мени може да се бира меѓу предложени, прифатени, неодржани и одржани термини.

Кај предложените и прифатените термини има 2 опции, каде кај предложените термини може да се прифати предлогот за резервација или да се одбие предлогот на корисникот, а кај прифатените може да се потврди терминот како одржан и да се остави коментар или да се избрише резервацијата на корисникот.

За неодржаните и одржаните термини, се води евиденција за датумот и времето на терминот, медицинската состојба што ја дал клиентот и статусот на терминот(доколку неодржан, причината за неодржаниот термин), а доколку е одржан место статус се води евиденција за забелешка од администраторот.

Last modified 9 days ago Last modified on 02/12/25 23:48:11

Attachments (20)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.