wiki:WikiStart

My FINKI Timetable

My FINKI Timetable е проект којшто има за цел да создаде веб-апликација наменета за сите студенти на ФИНКИ преку којашто ќе добиеме алтернативен систем за распоредување на часови во рамки на нашиот факултет. Таа ќе ни дозволи поголема слобода за филтирирање, ажурирање и составуање на уникатен и личен распоред за секој студент на факултетот.

Започнат: 26.11.2026
Предмет: Бази на податоци, зимски семестар 2026/2027
Ментор: ​проф. д-р Вангел Ајановски

Краток опис на проектот

Замислете дека сте студент кој слуша задолжителни предмети со својата група, изборен предмет со друга група и лабораториски вежби во посебен термин. Сите овие обврски треба некако да ги составите во еден неделен распоред. Моменталниот систем нема таква функционалност, но дополнително би се соочиле и со следниве проблеми:

  • Промени во термините за предавања и вежби
  • Изборни предмети се присутни во распоредот на само одредени групи
  • Термините за лабораториски вежби се променливи
  • Нема опција за експортирање на распоредот

Нашата апликација ќе му овозможи на секој студент самостојно да си ги одбере конкретните термини за предавања, вежби и лабораториски вежби коишто му одговараат најмногу и ќе ги зачува истите во личен распоред за семестарот.

Членови на тимот - Neta:

Име и Презиме Индекс
Матеј Крстески - координатор246017
Матеј Филиповски213271
Анѓела Кристо246028

Преглед на фази и координација:

Фаза Име на фазата Статус
Ф0 Дефинирање на проектотИзработено
Ф1 Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања
Ф2 Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL)
Ф3 Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи
Ф4 Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури)
Ф5 Прототип апликација - Основни функционалности
Ф6 Нормализација и подобрувања на дизајнот
Ф7 Напреден апликативен развој
Last modified 11 hours ago Last modified on 11/26/26 11:17:52

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.