Villa Dihovo
Членови на тимот
Име и Презиме | Индекс |
---|---|
Елена Шулевска - координатор | 201101 |
Јована Сердарска | 201068 |
Матеа Цветковска | 201139 |
Краток опис на проектот
Веб платформата за Вила Дихово е платформа која на своите корисници им овозможува голем спектар на предности, почнувајќи од резервации на оброк, соба, најразличен вид на активности, па се’ до настани за сечиј интерес, со достапност низ целиот свет. Резервациите се однесувааат на повеќе вили кои се наоѓаат во истиот комплекс, како и ресторанот кој што ги опслужува истите. При пристап на веб платформата корисникот ќе има можност да направи регистрација со лични податоци, како и понатамошна најава. Од голема предност е целосниот преглед на достапни термини кој го нуди токму оваа платформа. Како клиентите, така и вработените ќе имаат пристап до веб платформата со свој професионален профил, преку кој ќе имаат увид за состојбата во вилата. Делот за вработени ќе биде составен од рецепционер, готвач и келнер, кои постојано ќе бидат достапни за потребите и желбите на нашите клиенти, се’ со цел исполнување на очекувањата од услугата која што претходно ја избрале . Плаќањето за услугите може да се реализира online, како и на лице место, во кеш или со картичка.
Детален опис на проектот
Апликација која што овозможува широк спектар на предности, со чија помош плановите се исполнуваат на побрз и поефикасен начин е се што е потребно за клиентите да бидат задоволни, а токму тоа го нуди и веб платформата за Вила Дихово.
- За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?
Проектот кој ние го изработуваме преставува веб апликација за фирма, поконкретно за комплекс угостителски објект - Villa Dihovo, но базата е направена да може да послужи и на други угостителски објекти со иста или слична архитектура. Сопственикот на угостителскиот објект или доколку постои посебен тим за справување со сервис услугите ќе бидат одговорни за апликацијата и базата на податоци. За ова да може да се реализира потребно е најпрво да постои образован кадар, дополнително на тоа - соодветна опрема за работа, работен простор, финансиски извори и маркетинг.
- Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?
Целта на проектот е подобра организација во внатрешноста на комплексот, но и олеснување во координацијата клиент - угостител. Нашиот проект би ја олеснил работата на вработените во еден комплекс со што ќе имаат увид во нивните одговорности поврзани со клиентите. Воедно за клиентите ќе претставува побрз и поедноставен начин за преглед и резервација на понудите.
- Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
До нашата апликација ќе имаат пристап 2 вида на корисници и тоа вработени(рецепционер, готвач и келнер), секој со своја улога во објектот и клиенти.
- Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?
Готови решенија во светот веќе постојат, но нашата апликација нуди нешто поразлично, односно нуди олеснување на работата и на вработените во еден комплекс, со тоа што истите ќе имаат целосен преглед на се што се случува во вилата. Исто така можноста за резервација на оброк, како и присуство на активност која што може да биде реализирана и во друга околина, е нешто што се издвојува.
- Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
Нашиот проект е креиран како веб апликација која би можела да се пристапи од сите веб прелистувачи.