| 14 | == Детален опис на проектот |
| 15 | |
| 16 | Апликација која што овозможува широк спектар на предности, со чија помош плановите се исполнуваат на побрз и поефикасен начин е се што е потребно за |
| 17 | клиентите да бидат задоволни, а токму тоа го нуди и веб платформата за Вила Дихово. |
| 18 | |
| 19 | * '''//За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?//''' |
| 20 | |
| 21 | Проектот кој ние го изработуваме преставува веб апликација за фирма, поконкретно за комплекс угостителски објект - Villa Dihovo, но базата е направена да може да послужи и на други угостителски објекти со иста или слична архитектура. Сопственикот на угостителскиот објект или доколку постои посебен тим за справување со сервис услугите ќе бидат одговорни за апликацијата и базата на податоци. За ова да може да се реализира потребно е најпрво да постои образован кадар, дополнително на тоа - соодветна опрема за работа, работен простор, финансиски извори и маркетинг. |
| 22 | |
| 23 | * '''//Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?//''' |
| 24 | |
| 25 | Целта на проектот е подобра организација во внатрешноста на комплексот, но и олеснување во координацијата клиент - угостител. Нашиот проект би ја олеснил работата на вработените во еден комплекс со што ќе имаат увид во нивните одговорности поврзани со клиентите. Воедно за клиентите ќе претставува побрз и поедноставен начин за преглед и резервација на понудите. |
| 26 | |
| 27 | * '''//Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?//''' |
| 28 | |
| 29 | До нашата апликација ќе имаат пристап 2 вида на корисници и тоа '''вработени(рецепционер, готвач и келнер)''', секој со своја улога во објектот и '''клиенти'''. |
| 30 | |
| 31 | * '''//Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?//''' |
| 32 | Готови решенија во светот веќе постојат, но нашата апликација нуди нешто поразлично, односно нуди олеснување на работата и на вработените во еден комплекс, со тоа што истите ќе имаат целосен преглед на се што се случува во вилата. Исто така можноста за резервација на оброк, како и присуство на активност која што може да биде реализирана и во друга околина, е нешто што се издвојува. |
| 33 | |
| 34 | * '''//Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?//''' |
| 35 | Нашиот проект е креиран како веб апликација која би можела да се пристапи од сите веб прелистувачи. |