wiki:aboutPage

Дефинирање на проектот

Краток опис на проектот

Проектот е надградба на тековниот е-дневник кој што се користи во основните и средните училишта низ земјата.

Проектот има едноставен и подобрен дизајн, со дополнителни карактеристики како што се: објавување на соопштенија од страна на класниот раководител и web3 плаќање.

Сега благајниците на училиштата можат да креираат барање за плаќање (за екскурзии, здравствено осигурување, плаќање за некој настан, и.т.н.), а родителите можат да поврзат Meta Musk wallet и да го извршат плаќањето во различни криптовалути.

Детален опис на проектот

За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Министерството за образование ја поседува базата на податоци и управува со апликацијата.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?

Доколку е потребно некое плаќање, пример за осигурување, мебел или инвентар за училницата или училиштето, екскурзии и.т.н., најчесто тоа оди преку благајник - ученик кој што е избран од страна на одделението. Најчесто тие пари се чуваат небезбедно и доведува до кражба или губење на истите.

Со помош на плаќање преку криптовалути, ќе се води статистика за сите финансиски средства кој се случуваат во училиштата.

Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Во системот ќе постојат повеќе типови на корисници:

  • Директор на училиштето/Админ - тип на администратор кој што ќе може да креира родители, благајници, ученици и класни раководители.
  • Администратор на МОН - корисник кој ќе може да креира директори/тип на администратори на училиштето и да гледа статистика за различни училишта.
  • Благајник на училиштето – корисник кој што ќе објавува барања и соопштенија за плаќање.
  • Родители – корисници кои ќе можат да пристапат до оценките, распоредот и форумот на наставникот.
  • Класен раководител - Корисник кој ќе објавува соопштенија, оценки и распоред на учениците.

Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?

Постои е-дневник кој што е изработен од страна на Министерството за образование и наука и се користи во основните и средните училишта, но предлогот претставува надградба со воведување на блокчејн како технологија.

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Веб апликација.

Last modified 100 minutes ago Last modified on 12/28/25 17:22:26
Note: See TracWiki for help on using the wiki.