Визија
1. Вовед
1.1 Scope
Целта на овој документ е да ги претстави, анализира и дефинира потребите од и карактеристиките на веб базираната апликација Bella. Дополнително ќе се елаборираат засегнатите страни и нивните потреби кои апликацијата ќе се стреми да ги задоволи.
2. Позиционирање
2.1 Дефиниција на проблем
| Проблем на | Недостапност за резервација и откажување на истата во било кое време, достапност на производи кои ги нема на пазарот |
| Ги засега | Сите клиенти кои ги користат услугите на овој салон |
| Со последици како | Намалување на бројот на клиенти,лоша организација |
| Успешно решение би било | Секој клиент да може да направи резервација за некоја услуга и истата да може да ја откаже во било кое време, производите кои не постојат на пазарот да можат да ги нарачаат и можност да ја прегледа својата резервација/нарачка |
2.2 Позиција на пазарот
| За | Клиенти |
| Кои | На кои им е потребна услуга од салонот |
| Bella | е веб базирана апликација |
| којa овозможува | online резервација на услуги и нарачки на производи, без да се воспоставува директен контакт со вработените |
| за разлика од | https://floweroflife.mk |
| нашиот продукт | нуди детален опис за секоја услуга/производ, овозможува откажување на истите и нуди детален преглед за секој корисник за неговите резервации/производи |
3. Опис на засегнатите лица
3.1 Преглед
| Име | Опис | Одговорности |
| Администратор | Вработен со административен пристап | Надреден над вработени, кој е задолжен за организацијата во салонот врз основа на податоците(резервации/производи) кои му се достапни само на него |
| Вработен во Bella | / | Задолжен да ги извршува услугите |
| Клиент | Корисник на апликацијата(Registered User) | Да ја користи апликацијата за резервации и нарачки на производи |
| Развивач на апликацијата | Техничко оспособени и компетентни лица за соодветните технологии | Развивање и одржување на апликацијата |
3.2 Корисничка средина
Корисничка околина
Bella ќе опслужува два типа на корисници: клиенти(кои сакаат да ги користат услугите на овој салон) и вработен кој е организатор во салонот. Организаторот ќе може да се најави на системот и да врши преглед на сите побарувачки.
Број на актери кои учествуваат во активностите
Во активноста ке учествува едно лице, но во зависност од активноста лицето може да биде: клиент, кој врши резервација/нарачка и администратор кој врши преглед на сите побарувачки.
Времетраење на активностите
Регистрирање 1-2 минути, резервација/нарачка 1-2 минути
Ограничувања
Уред(мобилен уред, таблет, лаптоп) и пристап до интернет
Платформа
Веб-сервер апликација
Интегрирани апликации
API за наплата
4. Преглед на продуктот
Потреби и карактеристики
| Потреба | Приоритет | Карактеристики |
| Најава/регистрација на корисникот | Задолжително | / |
| Резервација/нарачка | Задолжително | Корисникот прави резервација за одредена услуга во одреден термин / Нарачува производ |
| Откажување на резервација/нарачка | Задолжително | Корисникот ја откажува својата резервација/нарачка |
| Блокирање на одреден термин од страна на администратор | Задолжително | Администраторот блокира некој термин |
| Online payment | Задолжително | Корисникот има опција за online плаќање на производите |
5. Други потреби/барања
| Барање | Приоритет |
| Уред | Задолжително |
| Пристап до интернет | Задолжително |
| Пристап до прелистувач | Задолжително |
