Визија на проектот
Вовед
CharitAbleMk e веб апликација која што има за цел да им помогне на сите оние коишто имаат потреба од помош поради здравствени и материјални причини. Ќе служи како апликација преку која корисниците ќе може да објавуваат барања за помош и да донираат на истите.
Проблематика
| Проблемот на | Луѓето коишто имаат потреба од материјална помош но немаат начин како да допрат до јавноста.
|
|---|
| Ги засега | Сите граѓани
|
|---|
| Последици од проблемот | Лицата коишто имаат потреба од материјална помош не можат да ја добијат на време.
|
|---|
| Успешно решение би било | Најитните случаи да ја добијат помошта кога им е потребна
|
|---|
Позиционирање на продуктот
| За група корисници | Сите
|
|---|
| Коишто | им е потребна материјална помош или сакаат да донираат
|
|---|
| CharitAbleMk | е веб апликација за поставување на барања за донација и донирање на истите.
|
|---|
| Кој овозможува | поставување на барања за донација и донирање
|
|---|
| За разлика од | www.donacii.mk
|
|---|
| CharitAbleMk е подобро решение бидејќи | барањата ќе можат да ги поставуваат самите корисници, барањата ќе бидат сортирани по итност, и корисниците ќе можат преку интернет да донираат.
|
|---|
Засегнати страни - Описи
Преглед на сите засегнати
| Име | Опис | Одговорности
|
|---|
| Модератор | Ќе врши одобрување на барањата за материјална помош | Одобрување барања
|
| Корисник-примач на донации | Најава/регистрација на страницата, можност за поставување барања за материјална помош. | Да внесе износ на донирани средства
|
| Корисник-донатор | можност за донирање, можност за пријавување на објави доколку се сомнева на злоупотреба. | /
|
Корисничка околина
Сите видови на корисници мораат да имаат пристап до интернет и уред којшто содржи веб прелистувач, а корисниците од типот донатори исто така мораат и да имаат дебитна картичка преку која може да се врши трансакција онлајн.
Преглед на продуктот
Потреба и карактеристики
| Потреба | Приоритет | Карактеристики
|
|---|
| Регистрација/најава на корисникот-примач на донации | задолжително | регистрација и најава на корисник
|
| Објава на барање од страна на корисник-примач на донации | задолжително | внесување на податоци за барањето, и поставување на барањето на веб страната.
|
| Донирање од страна на корисник-донатор | задолжително | внесување на податоци за картичка и донирање средства преку истата.
|
| Сортирање на објавите по итност | задолжително | објавите мораат да бидат сортирани по итноста од помош на корисникот.
|
| Можност за одобрување/бришење на барањата од страна на администратор | задолжително | одобрување или бришење на барања.
|
| Пријавување на објава за злонамерна | пожелно | добивање на информација доколку објавата е злонамерна.
|
Други и нефункционални потреби
| Потреба | Приоритет
|
|---|
| Пристап до интернет | Задолжително
|
| Пристап до веб прелистувач | Задолжително
|
| Дебитна/кредитна картичка | Задолжително
|
| Барањата да бидат разгледани од страна на администратор во рок од 24 часа по праќањето од страна на корисникот | Задолжително
|