Визија
1. Вовед
Целта на нашата апликација е агрегација на рецепти во една веб апликација која визуелно и едноставно ќе им ги прикаже резултатите на клиентите како и лесна и едноставна достава на потребните состојки. Воедно секој корисник на нашата апликација ќе има прилагодено пребарување врз основа на различни состојки.
2. Позиционирање
2.1 Дефиниција на проблем
| Тема на проблем | Луѓето се се хранат со многу репетитивни и нездрави рецепти бидејќи немаат доволно инспирација и идеи за добра, разновидна и здрава исхрана
|
|---|
| Кого засега | Сите лица кои што се љубители на сопствено зготвена домашна храна кои не сакаат репететитивни рецепти за храна
|
|---|
| Со последици како | Нездрава, скапа и монотона храна приготвена во сендвичари или угостителски објекти
|
|---|
| Успешно решение би било | Веб апликација која би го потикнал народот да започне со готвење на домашна, поевтина и поздрава храна
|
|---|
2.2 Позиција на пазарот
| За | Сите луѓе
|
|---|
| Кои | Би сакале да започнат со готвење на своја храна и да намалат на непотребни трошоци
|
|---|
| CookCraft | Е веб апликација за агрегирање на рецепти
|
|---|
| Кој овозможува | Лесен пристап до изобилие на рецепти со прилагодено пребарување и достава на состојки
|
|---|
| За разлика од | Мануелно пребарување на еден рецепт
|
|---|
| Нашиот продукт | Нуди голем опсег на рецепти од различни интернационални кујни кои можат да се приготват од дома
|
|---|
3. Опис на засегнатите лица
3.1 Преглед
| Име | Опис | Одговорности
|
|---|
| Клиент | Корисник на апликацијата | Користење на апликацијата
|
| Доставувач | Доставувач на состојки | Доставување на порачаните состојки до клиентот во разумно време
|
| Маркети/Продавници | Добавувачи на состојки | Редовно ажурирање на своите достапни состојки и нивната цена
|
| Развивач на апликацијата | Одржувач на апликацијата | Често одржување на апликацијата како и пронаоѓање на потенцијални грешки во системот
|
| Администратор | Прегледувач и Работодавец | Прегледувач на дадени коментари и оценки за рецепти како и интервјуер и прегледувач на апликации за вработување
|
| Супер администратор | Распределувач на пермисии | Доделување на пермисиите на администраторите и развивачите на апликацијата
|
3.2 Корисничка околина
Веб апликација со едноставен интерфејс. Корисниците ќе можат да пристапат до апликацијата преку било кој мобилен телефон, таблет или компјутер, со достапост до интернет и веб прелистувач како единствени ограничувања.
4. Преглед на производот
4.1 Барања
| Потреба | Приоритет | Карактеристики
|
|---|
| Регистрација и најава на корисници | Висок | Можност за најава на веб апликацијата преку лична email адреса
|
| Пребарување | Висок | Пребарување на одреден рецепт според име
|
| Филтрирање | Висок | Можност за филтрирање на рецепти според различни потребни
|
| Доделување на оценка на рецепти | Висок | Внесување на бројчена оценка на рецепт по негова приготовка
|
| Преглед на омилени рецепти | Висок | Приказ на омилени рецепти кои корисникот ги внесол
|
| Преглед на оценети рецепти | Висок | Приказ на оценети рецепти од страна на корисникот
|
| Преглед на моментално нарачани состојки | Висок | Приказ на моменталната направена нарачка како и предвидено време за пристигнување на истата
|
5. Други барања
| Барање | Приоритет
|
|---|
| Интернет конекција | Висок
|
| Мобилен телефон, таблет или лаптоп/компјутер | Висок
|
| Веб прелистувач | Висок
|
| Потреба на личен профил за правење нарачки на состојки | Висок
|
| Потреба на личен профил за доставувачи | Висок
|