1: Опис и дефинирање на проект
ERP и CRM системите користат различни пристапи за зголемување на профитабилноста. ERP се фокусира на намалување на трошоците, и со тоа се зголемува профитот. Додека, CRM работи на зголемување на добивката преку поголема продажба. Во нашиот случај, нашиот систем нема да има конкретна продажба на производи и добивање надоместок за тоа, туку продажбата се однесува на зголемување на резервите на крв. Преку користење на CRM систем, можеме да:
- да се фокусираме на маркетинг за да можеме да придобиеме повеќе крводарители
- Да управуваме со донациите и со резервите на крвта.
- Да вршиме пресметки за донациите
- Да ја автоматизираме службата за корисници
- Да креираме извештаи
- Управување се крводарители, вработени и слично
- Креирање на најразлични анализи и извештаи
- Комуникација со крводарителите и останатите болници
- Креирање на настани
2. Избор на софтверски решенија
- AgileCRM
Agile CRM претставува софтвер кој што помага при автоматизацијата на продажбата(во нашиот случај со донациите на крв), маркетинг и сервисите во единствена платформа. Ние не се одлучивме за овој софтвер, бидејќи не ги покрива сите студии на случаи.
- OroCRM
Ние се одлучивме за овој избор, бидејќи претставува софтвер со отворен код, и најмногу одговара на нашите студии на случаи. Можат да се вршат пресметки за донации, да се креираат настани, да се комуницира со останати крводарители и останати болници. Можат да се креираат различни извештаи и да се креираат маркетинг кампањи. Ние ја испробавме демо верзијата од овој софтвер.
