| Version 1 (modified by , 2 weeks ago) ( diff ) |
|---|
Фаза 0 - Краток опис на проектот
Целта на овој проект е имплементација на база на податоци за систем за управување со настани, како што се концерти и театарски претстави. Системот треба да овозможи ефикасно организирање и пристап до информации поврзани со различни настани, нивните изведувачи, локации на одржување и посетители. Преку овој систем корисниците ќе можат полесно да ги пребаруваат достапните настани и да добијат релевантни информации за нив, да купуваат билети, да оставаат свои рецензии и оценки, но и да добиваат преглед на различни статистички податоци во врска со веќе одржани настани.
Базата на податоци ќе чува информации за настани, изведувачи, локации на одржување, билети, плаќања, корисници и нивните рецензии. За секој настан ќе се чуваат податоци како име, датум на одржување, локација, изведувачи кои учествуваат, организатори и спонзори. Дополнително, ќе се евидентираат податоци за регистрираните корисници, локациите со нивната достапност, како и различни типови на билети, вклучувајќи информации за извршените плаќања од страна на корисниците и евентуални поврати на средства. Системот ќе чува и податоци за веќе одржани настани и рецензии од корисници кои присутвувале на нив, со цел да се овозможи добивање преглед на различни статистики и оценувања.
Апликацијата ќе им овозможи на корисниците да се регистрираат и најавуваат во системот, да пребаруваат настани според различни критериуми како име на настан, изведувач или локација (со филтрирање и сортирање), и да изберат настан на кој сакаат да присуствуваат. Корисниците ќе можат да купат билет за одреден настан, а системот ќе ја евидентира трансакцијата и типот на билет. Дополнително, ќе постои можност за преглед на статистики поврзани со настаните, како и оставање рецензии за веќе одржани настани. На овој начин, системот ќе овозможи централизирано управување со податоци поврзани со настани и нивните посетители.
