9 | 9 | Во текот на оваа фаза, преку процес на групна елиминација, ќе биде изберен главен, најдоминантен ритам, со помош на комбинирање на подинструментите на бубањот, со којшто ќе се изгради јадрената ритмичка структура на песната. Врз основа на главниот ритам ќе се направат уште неколку варијации на истиот со измена на одредени елементи, со помош на коишто ќе се внесе динамика и промена во чуството во текот на песната, но исто така, и ќе се одржи главната тема. Варијациите што се прават се однесуваат на чинелите и бас бубањот како подинструменти коишто можат да си дозволат мали измени со што ќе внесат повеќе движење, но нема јадрено да ја променат структурата. Сепак, создавањето на овие варијации треба да биде внимателно, бидејќи тие треба да бидат во склоп на чуството и протокот низ секциите. |