wiki:WikiStart

Систем за магацинско работење

Опис на проектот:
Овој систем претставува софистицирано решение за менаџирање на магацинското работење.Системот ги вклучува следните функционалности:

  • Организација на магацинот (одредување на локации) – Со оваа функционалност магацинот за кој се имплементира системот се дели на локации во кои се складираат продуктите со кои се занимава организацијата (магацинот). На една локација може да се чува еден или различни типови од еден вид на производ во зависност од политиката на магацинот.

  • Прием на роба – една од главните функционалности на системот која е фундаментална за работењето во магацинот.

  • Складирање на роба- функционалност која е поврзана со функционалноста за прием на роба.

  • Промена на локација –функционалност за ажурирање при префрлање на артикл од една во друга локација.

  • Испорака

  • Попис

  • Генерирање на извештаи

  • Аналитика

Кориснички случаи и Визија

На следниот линк може да се погледнат корисничките случаи: http://develop.finki.ukim.mk/projects/WMS-KS/wiki/UseCases

Целокупната документација на системот за магацинско работење(WMS) е сместена во документот Визија кој може да се погледне на следната страна:http://develop.finki.ukim.mk/projects/WMS-KS/wiki/Vision . Тука се опишани детално сите функционалности на системот, кој се актерите кои учествуваат во нив, заедно со сите ограничувања, исклучоци кои можат да настанат при основните операции, и детали за останатите побарувања.

Архитектура на системот

Погледнете ја архитектурата на системот за магаинско работењет тука: http://develop.finki.ukim.mk/projects/WMS-KS/wiki/Architecture

Функционалности на системот

На следниот линк се објаснати во детали сите функционалности на системот за магацинското работење, на кој начин се извршуваат и како системот им помага на магацинските работници при извршувањето на магацинските операции: http://develop.finki.ukim.mk/projects/WMS-KS/wiki/Functionalities

Процес на развој на системот

Преглед на тикетите поделени по фази на имплементација на системот за магацинско работење : http://develop.finki.ukim.mk/projects/WMS-KS/wiki/Tickets

Структура на системот

Преглед на структурата на апликациајта и поделбата на компоненти http://develop.finki.ukim.mk/projects/WMS-KS/wiki/TreeView

Членови на проектот

•Зоран Ѓуроски
•Един Османоски
•Јован Маркоски
•Кирил Цветков

Starting Points

For a complete list of local wiki pages, see TitleIndex.

Last modified 10 years ago Last modified on 07/16/14 04:21:57

Attachments (7)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.