23 | | Апликацијата е наменета исклучиво за клиенти кои сакаат да видат каков тип на услуги се нудат, да ги разгледаат цените и со тоа да резервираат термин. Салонот **''beautyCenter''** ќе им овозможи на своите клиенти веб апликација која ќе биде достапна низ целата држава и секој заинтересиран е поканет да резервира термин и лично да го искуси професионализмот на вработените! |
| 21 | • **За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институција/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби** |
| 22 | Овој проект опфаќа веб апликација за фирма, салон за убавина- **BeautyCenter** со сопствена база која ќе ја олеснува работата на салонот, како и на корисниците на услугите. Апликацијата ќе овозможува закажување на термин за соодветна услуга во салонот според слободните термини, услуга или пак вработен. Салонот ќе ја обезбедува оваа апликација како сервис со цел да се поедностави работата на сите вработени. Апликацијата е посредник помеѓу клиентите и вработените во самиот салон. |
| 23 | • **Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?** |
| 24 | Примарната цел на апликацијата е да не се одзема непотребно време за резервирање преку телефон или пораки, туку сите вработени да имаат пристап до базата во која ќе се достапни термините кои се закажани. |
| 25 | Ќе се реши проблемот на недоразбирање и неусогласеност во термините чија причина е резервирање од страна на различни вработени без запазување на промените. Со оваа веб апликација ќе се избегнат грешките и сите вработени и корисници ќе бидат во тек со промените и новостите. Фирмата ќе има постојан приказ на резервациите и клиентите, а со тоа ќе се овозможи поефективно менаџирање со заработката, ресурсите како и ќе може да се прават анализи за подобрување на услугите и зголемена побарувачка на истите. |
| 26 | • **Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?** |
| 27 | Апликацијата ќе има два вида на корисници. Едните се вработените во самиот салон, а од другата страна се клиентите кои ги користат услугите. Апликацијата е на ниво на целата држава и секој може да прави резервации. Вработените ќе имаат пристап до сите резервации, а исто така ќе имаат можност самите да направат резервација доколку некој резервира преку телефон или на друг начин, со цел да се има евиденција. Клиентите ќе можат да прават резервации, а ќе имаат пристап само до слободните термини, како и до своите резервации. |
| 28 | • **Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?** |
| 29 | Ваков тип на апликација нема во фирмата, ниту во околината со што е една придобивка повеќе за привлекување повеќе клиенти. Друга добра страна е тоа што покрај тоа што ќе е на македонски јазик, апликацијата ќе има можност за англиски јазик со што ќе може туристи и луѓе кои не го зборуваат македонскиот јазик лесно да се навигираат низ апликацијата. Во секое време ќе може да се видат слободните термини,услугите кои се нудат, нивната цена и секако резервација на термин. |
| 30 | • **Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?** |
| 31 | Веб апликација |
| 32 | |