Finance Novel
Членови на тимот
Име и презиме | Индекс |
Александар Јовановски | 181129 |
Краток опис на проектот
Имате мал/среден бизнис? Ви треба софтверско решение, но не сте сигурни што функционалности и кого да ви го направи? Тука е Finance Novel.
Целта на проектот е да се креира апликација која ќе биде one-stop place за комерцијално работење.
Finance Novel претставува апликација која ќе биде доволно опширна за да нема потреба фирми да користат/нарачувaат сопствени апликации.
Наменета за комерцијално работење на мали и средни фирми и нуди исклучителна можност на брз и едноставен начин да заведуваат, организират и печатат. Вработените на една фирма, ќе имат кориснички профили кои притоа ќе можат да креират влезни и излезни фактури, профактури, приемници и испратници за материјално работење, изводи од сите ваши сметки, уплати и исплати од каса, итн.
Со едноставен и лесен за користење интерфејс, би бил привлечен на секакви деловни клиенти. Сите потребни информации, донесени ефикасно точно и прецизно пред корисникот, заедно со моќен и брз back-end за калкулации на сите вредности. Тоа е Finance Novel.
Детален опис на проектот
- За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?
Апликацијата би се користела исклучиво од деловен корисник т.е фирма. Базата на податоци ќе ја поседуваат ИТ Администраторите и Директорот на фирмата. Скоро сите фирми, особено тие што се занимаваат со малопродажба им е потребно софтверско решение за комерцијално работење (финансиско и материјално), вклучувајќи потреби како креирање на влезни/излезни фактури, изводи, лагер листа, артикли, ставки итн.
- Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?
Првично би решавале нешто што е потреба наместо проблем, а тоа е самата потреба за решение за финансиско и материјално работење на секоја фирма. Апликација која ќе биде доволно опширна за да нема потреба фирми да користат/нарачувaат сопствени апликации. Додатно, заради тоа што е веб аплкација би решавала проблем на пристпаност без оглед на локација и уред.
- Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
Корисници би биле самите вработени во дадена фирма, сите би имале истата функционалност на апликацијата, со додаток дека администратор корисник ќе може да додава или бриши корисници т.е вработени.
- Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?
Најголемата разлика би била самата достапност на апликацијата, заедно со едноставниот интерфејс и поддршка на апликацијата што би придонесило голема употребливост. Заедно со самата јазична поддршка на Македонски, би била едновидна апликација во рамките на државата.
- Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
Се работи за веб апликација, достапна на секој web browser.