| 1 | = Вовед |
| 2 | |
| 3 | Овој документ има за цел да ги собере и анализира потребите на Информацискиот систем за управување со патишта. Фокусот се става на потребите на засегнатите страни и корисниците и зошто е потребен еден ваков систем. |
| 4 | |
| 5 | == 1.1 Цел |
| 6 | Целта на овој документ е да даде почетни информации за ИСУП, да го дефинира опсегот на проблеми кои ќе ги решава, да ги одреди засегнатите страни и корисници и да даде дополнителни информации за тоа што се очекува од предложениот информациски систем. |
| 7 | |
| 8 | == 1.2 Опсег |
| 9 | Овој документ ги опфаќа постојните проблеми со патиштата низ државата и како овој информациски систем ќе придонесе за нивно решавање. Во овој момент не постои никаков систем кој ги собира информациите за состојбите на патиштата, а во овој документ ќе се обидеме да дадеме детален опис на идеја за информациски систем кој ќе помогне да се подобри моменталната ситуација. |
| 10 | |
| 11 | == 1.3 Дефиниции, акроними и скратеници |
| 12 | * Менаџери - Лица на повисока функција со моќ на донесување важни одлуки |
| 13 | * Вработени - Лица кои се вработени во претпријатието кое управува со патиштата и извршуваат секојдневни работи |
| 14 | * Механизација - Машини и возила кои се во сопственост на претпријатието |
| 15 | * **ИС** - **И**нформациски **С**истем |
| 16 | * **ИСУП** - **И**нформациски **С**истем за **У**правување со **П**атишта |
| 17 | |
| 18 | == 1.4 Референци |
| 19 | |
| 20 | |
| 21 | == 1.5 Преглед |
| 22 | Во останатиот дел од овој документ за визија се анализираат постоечките проблеми, се идентификуваат засегнатите страни и корисниците на системот и се даваат предлози за делови од системот кои треба да адресираат конкретни проблеми. |