Визија
1. Вовед
Угостителството како широко распространет сектор низ светот има потреба од дигитализација. Дигитализацијата е присутна, но тоа не е се го еден систем со кој сите вработени би имале контрола, олеснета работа, подобро планирање и поголема заработка. Нашата платформа нуди обработка на менија, менаџирање со кујна и ресурси и потреби на кујната, менаџмент со човечки ресурси и статистички податоци. Самата статистика на корисниците им олеснува да увидат како можат да се подобрат, сето тоа е дигитализирано без пресметки на лист и чување на потребните податоци.
Од друга страна, самите клиенти на ресторантот можат да направат резервација, сигурно и безбедно и да го одбегнат случајот да не најдат маса во својот омилен ресторант. Ресторанот објавува попусти и менија кои се јавно видливи и можат да се користат при својата нарачка и резервација. Сето тоа би привлекло повеќе клиенти кои се секогаш задоволни
2. Позиционирање
2.1 Дефиниција на проблем
Тема на проблем | Креирање менија во свој уникатен систем кој што има опција физички да се испечатат и автоматски да се објават достапни за корисниците кои можат тоа брзо и лесно да го прегледаат.
|
---|
Ги засега | Сопствениците и вработените кои се одговорни за составување и промена на менијата и клиентите кои сакаат да го посетат ресторантот и да јадат во него.
|
---|
Со следните последици | За да се промени едно мени, истото да се прикачи онлајн за биде достапно на клиентите и за да се приготват физички копии, потребно е доста време и ресурси.
|
---|
Успешно решение би било | Систем кој може да генерира мени, да го прикаже онлајн, притоа да биде достапно за сите брзо и лесно, што е голема придобивка за сите корисници.
|
---|
2.2 Позиционирање на пазарот
За групата корисници | Раководители на ресторани
|
---|
Кои | Сакаат полесно да управуваат со своите одговорности во самиот ресторант, како и да бидат поефикасни и да увидат статистика за ресторанот.
|
---|
ResManage | Веб-Апликација
|
---|
Која овозможува | Преглед на детална статистика и менаџмент
|
---|
За разлика од | /
|
---|
Нашиот продукт | Е уникатен и нуди решенија кои олеснуваат и автоматизираат голем дел од процесите во ресторанскиот менаџмент, при што се намалува ризикот од човечки грешки.
|
---|
За групата корисници | Клиентите на ресторанот
|
---|
Кои | Сакаат да резервираат маса, прегледаат мени и да искористат попуст.
|
---|
ResManage | Веб-Апликација
|
---|
Која овозможува | Резервирање маса, користење попуст кој се добива со зголемена редовност.
|
---|
За разлика од | /
|
---|
Нашиот продукт | Со минималистички интерфејс, им овозможуваме на корисниците лесно да дојдат до посакуваните податоци и посакуваната цел(брза и лесна резервација ).
|
---|
3. Опис на засегнати лица
3.1 Преглед на засегнати
Име | Опис | Одговорности
|
---|
Координатор | Лице кое има најголема одговорност и можност кон админскиот дел | Креирање на други корисници за админскиот дел, преглед на сите податоци во админскиот дел и нивно координирање.
|
Корисници на админскиот дел | Работа со админскиот дел | Промена, проверка на податоци релевантни кон другите корисници на админскиот дел и клиентскиот дел.
|
Корисници на клиентскиот дел | Резервирање, краток преглед на ресторанот, користење попуст. | Користење на податоци кои се точни, почитување на полисите на ресторанот.
|
Развивач на апликација | Лице/а кое ќе ги достават барањата соодветно | Развивање и одржување на апликацијата во координација со сопствениците
|
3.2 Корисничка околина
Апликацијата има два системи од кои, админски дел и клиентски дел. Клентскиот дел е наменет за клиентите на ресторантот со што ќе има кориснички интерфејс кој може да биде пристапен од веб прелистувач. Админскиот дел е достапен за сите лица кои работат во ресторанот, имаат привилегија и корисник креиран во нашиот систем, достапен од веб прелистувач, каде што има кориснички интерфејс со потребни податоци за преглед, внес и промена.
4. Преглед
4.1 Потреби и карактеристики
Потреба | Приоритет | Карактеристики
|
---|
Разгледување на распоред | Висок | Секој вработен ќе биде известен и ќе има пристап до работниот календар
|
Разгледување на статистики | Треба да го има | Олеснет и централизиран пристап до информации за магацинот
|
Регистрирање на вработени | Висок | Нововработените ќе добиат кориснички профил соодветно со привилегиите кои произлегуваат од нивното работно место
|
Разгледување на мени | Висок | Клиентите ќе имат пристап до уникатното мени на ресторанот
|
Разгледување на настани | Висок | Секој клиент ќе добие информации за нови настани исто така тие ќе бидат достпани на веб страната
|
Увид на достапност | Висок | За секој ден од месецот ќе бидат наведени потврдените резервации од страна на клиентите
|
Креирање на резревација | Висок | Преку едноставен формулар секој клиент би можел да направи резервација преку веб страната
|
Додавање на ставки | Треба да го има | Со едноставен формулар пополнат од страна на магационерот, новите ставки ќе се додат во системот и истите ќе се асоцират со определена група на ставки
|
Отстранување на ставки | Треба да го има | Со едностани акции, магационерот би можел да ги отстрани потрошените ставки и ставките со поминат рок на употреба
|
5. Други барања
Барање | Приоритет | Се однесува
|
---|
Уред (лаптоп, десктоп компјутер, телефон) | Мора да се поседува | Двата системи
|
Пристап до интернет | Мора да се поседува | Двата системи
|
Пристап до веб прелистувач | Мора да се поседува | Двата системи
|