Changes between Initial Version and Version 1 of CRM_Glossary


Ignore:
Timestamp:
06/23/09 21:05:03 (15 years ago)
Author:
ii10931
Comment:

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • CRM_Glossary

    v1 v1  
     1= Речник на термини за системот за CRM =
     2== Главни актери во системот ==
     3=== Корисник ===
     4Било кој корисник на системот. Замислено е системот да биде користен од целиот кадар во рамките на факултетот, освен студентите. Во корисници би биле вклучени и надворешните соработници, во зависност од нивната потреба за користење на системот.
     5=== Управен кадар ===
     6Еден од типовите на корисници. Во себе ги вклучува сите наставници и останатиот управен кадар кој не држи настава (пр. декан, продекани, шефови на институти и сл.).
     7=== Наставен кадар ===
     8Дел од управниот кадар кој е исклучиво наставен (професори, асистенти, демонстратори).
     9=== Технички кадар ===
     10Службата за студентски прашања заедно со целиот технички персонал, од типот на секретари, благајници и сл.
     11== Други улоги на актерите во различните use-case-и ==
     12=== Закажувач ===
     13Актер од управниот кадар кој има право да закажува и повикува/поканува други корисници за состанок или телефонски повик.
     14=== Поканет ===
     15Актер од било кој дел (корисник) кој може да биде повикан/поканет на состанок или телефонски повик.
     16=== Доделувач ===
     17Актер од управниот кадар кој доделува работна задача или проект на друг корисник.
     18=== Извршител ===
     19Актер од било кој дел (корисник) кој добива работна задача за извршување од страна на актер од управниот кадар.
     20=== Носител ===
     21Актер од наставниот дел кој добива задолжение да биде носител и одговорен за некој регистриран проект во системот.
     22=== Пријавувач ===
     23Актер од било кој дел (корисник) кој пријавува проблем.
     24=== Задолжен ===
     25Актер од било кој дел (корисник) кој е задолжен за решавање на некој претходно пријавен проблем.
     26== Останати термини ==
     27=== CRM (Custоmer Relationship Mаnagеment) ===
     28Израз за методологиите, софтверот, и вообичаено интернет можностите кои му помагаат на едно претпријатие да ги управува врските со клиентите на организиран начин ([http://searchcrm.techtarget.com/sDefinition/0,,sid11_gci213567,00.html повеќе информации]).
     29=== Факултет ===
     30Високообразовна институција за едукација на студенти со цел да се стекнат со експертни знаења во областа за која студираат.
     31=== Календар ===
     32 * Општ календар - во кој се наведени датумите и роковите за извршување на некои заеднички активности за повеќе корисници.
     33 * Личен календар - во кој се наведени датумите и роковите за извршување на активностите и задачите за актерот кој побарува приказ (само тој може да го види личниот календар).
     34=== Статус на ден ===
     35Статус на ден претставува избор/преглед дали засегнатиот ден е работен или неработен.
     36=== Неработен ден ===
     37Денови кои се прогласени за неработни за факултетот од страна на надлежната институција (надлежно министерство, универзитет).
     38=== Генерален распоред ===
     39Дел од општиот календар во кој се определени статусите на деновите од идниот период.
     40=== Активност ===
     41Некое очекувано однесување кое може да се регистрира во системот. Системот ги разликува следните типови на активности:
     42 * '''Телефонски повик''' - закажување на извршување на телефонски разговор во определено време, помеѓу определени личности и на определена тема.
     43 * '''Состанок''' - закажување на непосреден контакт помеѓу најмалку две личности во определено време, на определено место и со определена тема и/или агенда.
     44 * '''Работна задача''' - задавање на добро дефиниран процес кој треба да биде извршен од страна на определена личност во определени временски рамки.
     45=== Настан ===
     46Случување организирано од страна на факултетот. Може да биде семинар, промотивна (маркетинг) кампања, конференција, научен собир и сл.
     47=== Буџет на настан ===
     48Парични средства планирани за овозможување на организацијата на соодветниот настан.
     49=== Филтер ===
     50Средство со кое се одделуваат податоците кои ги бараме од непотребните и ни се прикажуваат само тие.
     51=== Шанса ===
     52Можност за унапредување на угледот и финансиската состојба на факултетот со помош на изведување на некој проект. Примери: тендер, отворени научни проекти, интересни контакти со потенцијал за проекти и сл.
     53=== Проект ===
     54Посложена целина од работни задачи која побарува ангажман на најмалку едно лице вработено во факултетот.
     55=== Проектни фази ===
     56Делови на кои логички е разделен еден проект, со цел полесна изработка и воведување на евентуален паралелизам при изведбата.
     57=== Проблем ===
     58Дефект појавен во било кој дел од работењето на факултетот. Примери: забележана печатна грешка во било каква публикација, неажурирани web страници, огласни табли, необјавени соопштенија, погрешно изработени работни задачи и сл.