wiki:CRM_definirajNerabotniDenovi

Version 1 (modified by ii10931, 16 years ago) ( diff )

CRM: Дефинирај неработни денови

Актери

Управен кадар.

Контекст

Заради користење во други use-case-и, каде постои ограничување за распоредувањето на активностите, потребно е актерот периодично да го обновува генералниот распоред на работните и неработните денови на факултетот.

Ниво

Поддршка.

Предуслови

/

Постуслови

  • Неработните денови се регистрирани и обележани во општиот календар.
  • Во use-case-ите Закажи состанок, Закажи телефонски повик и Додели работна задача повеќе не е можно користење на деновите кои се регистрирани како неработни, а ако веќе има распоредено некое случување од таков тип, одговорните (актерите на тие use-case-и) на тие use-case-и се известуваат и се бара промена од нивна страна.

Бизнис правила

  • Неработните денови актерот ги добива периодично од релевантните институции или се заклучуваат на некој состанок, и задолжително е во рок од 5 дена од кога му е ставено до знаење, да ги објави.
  • Во случај некоја од активностите да мора да се случи за време на неработни денови, потребна е согласност и од страна на распоредувачот, и од страна на извршителот на активноста.

Апликациски правила

  • Не смее да им се менува статусот (работен/неработен) на изминатите денови.

Сценарио

  1. Актерот добива календар за претстојниот период на кој има преддефинирани неработни денови (викенди, новогодишни празници).
  2. Актерот има можност да дефинира некои други денови како неработни.
  3. Системот испраќа известувања до сите корисници со известувања за неработните денови кои претстојат, а не се дел од викендите.
  4. Системот испраќа барања за преместување на активности до корисниците кои распоредиле некоја активност на претстоен неработен ден.
  5. Неработните денови се зачувани и достапни на календарите.

Алтернативи

Варијации

1а. Некој од преддефинираните неработни денови станал работен, и има потреба од менување на неговиот статус.
2а. Во случај денот да е државен празник зависен од датумот, се дефинира годишна повторливост за него, и тој влегува во преддефинираната листа на неработни денови.
3а. Во случај да постојат денови од викендите кои станале работни, во известувањата се испраќаат и тие денови.
5а. Во случај да постојат денови од викендите кои станале работни, во календарот се менува статусот и на тие денови.

Исклучоци

/

Екрани

Референци кон прозорци или web страници кои ќе бидат прикажувани при извршувањето на овој use-case.
Забелешка: Ќе се користи за референци кон прозорците на SugarCRM кои се соодветни на опишуваниот use-case.

Фреквенција

На почетокот од годината, према листата на сите празници важечка за претстојната година и по еднаш најмногу 5 дена по секое ново известување стигнато до управниот кадар.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.